Од денес забрана за движење низ шумите на Галичица

Од денес 3-ти август, забрана за движење низ шумските подрачја поради зголемена опасност од пожари, информираат од Националниот парк Галичица Охрид.

 |   | 

Поради зголемената опасност од пожари, од Јавната установа Национален парк Галичица Охрид ја информираат јавноста за целосна забрана за движење низ шумските подрачја, од денес 3-ти август.

Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари. Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните, како и заради заштита од горенаведените опасности, Јавната установа Национален парк Галичица ја информира јавноста за одлуката на Владата на Република Северна Македонија за целосна забрана за движење низ шумските подрачја. Одлуката од страна на Владата стапува на сила од денес, 3 август, а ќе трае до одповикување на истата. Јавна Установа Национален Парк Галичица, спроведувајќи ја одлуката на Владата, соопштува дека  преку Галичица е дозволен само транзит по асфалтниот пат без напуштање на истиот – се вели во соопштението на Национален парк Галичица Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top