Со обука, до работа

Обука за познат работодавач. Тоа е најновата активна мерка која ја спроведува Агенцијата за вработување во рамките на својата политиката за вработување.  Конкретно оваа мерка во Охрид  веќе се применува во текстилната индустрија и во новата фирма за производство на четки и ваљаци за молерај, информираат од центарот за вработување.

 |  Николоска Биљана  | 
vrabotuvanje
вработување

centar za vrabotuvanjeВо Охрид се спроведува обука за познат ртаботодавач. Станува збор за активна мерка во политиката за вработување на Агенцијата за вработување, поточно за три месечна соодветна обука кај работодавач кој има потреба од работна сила а ја нема во евиденцијта на невработеност во Центарот за вработување. Секој кој ќе биде вклучен во обуката добива по 4 400 денари додека трае истата, со тоа што заинтересираните лица имаат  можност да засноваат редовен работен однос кај работодавачот за чија што потреба се организира обуката, вели директорот на Центарот, Јован Баткоски.

„Во моментов таква обука се спроведува во текстилната индустрија Т .Д. Модекс се обучува 6 лица и очекуваме по истекот на 3 месеци да засноваат работен однос. Има аплицирано и нова фирма која се занимава со производство на четки и ваљаци за молерај и фарбање има поднесено апликација за обука за 10 лица.

batkoskiЦентарот за вработување во мерката обука за познат работодавач, се јавува во улога на посредник. Тие ги повикуваат лицата со одредени квалификации на разговор и всушност Центарот е линк помеѓу работодавачот и невработеното лице, потенцира Баткоски.

„Морам да признам дека голем број на невработените лица од било какви причини одбиваат од оправдани или неоправдани причини да засноват работен однос. Можеби тоа се должи на негативното искуство што го имале со одредени работодавачи, во поглед на вработувањето, условите за работа платите.“ -вели директорот.

Охридскиот центар за вработување во поглед на, за невработените непопуларната  санкциона мерка “бришење од евиденција“ го подига нивото на толеранција и прави напори истата да ја сведе на минимум. Според Баткоски, тоа се должи на комплексноста на проблемите со кои се соочуваат нецработените и смета дека кон нив треба да се постапува со посебна сензибилност. Инаку  евиденцијата на Центарот за вработување од аспект на полова застапеност кажува дека невработеноста е 50 на 50%, а женската популација е попребирлива и во повеќе случаи одбива работа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top