Со обука за братендери и баристи во Охрид до светските метрополи

Заврши обуката за бартендери во Охрид. Дваесет невработени лица ќе се стекнат со меѓународен сертификат за бартендер а со тоа добиваат извонредна можност за вработување во баровите низ светските метрополи.

 |  Николоска Биљана  | 
bartender
бартендер

bartenderОхрид ги доби првите едуцирани бартендери, односно професионалци за приготвување коктел во баровите. Денеска во охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“ 20 невработени лица кои ја следеа обуката за стекнување со меѓународен сертификат за бартендер, полагаа испит. Идните бартендери задоволни се од обуката и велат дека воопшто не била тешка, а дел од нив веќе имале искуство во работа на шанк, послужување на гости и подготовка на коктели. Еден од кандидатите, Бобан Пашоски, кажа дека оваа обука за него претставува дополнителна можност да се научи, како на бројните гости кои ги посетуваат кафулињата да им понудат нешто повеќе од алкохол.

„Со оглед на тоа дека живееме во град каде што туризмот е доста равиен и каде што оваа сфера е една од бараните се надеваме дека ќе понудиме малку повеќе на туристите кои доаѓаат кај нас во Охрид и ќе можат да уживаат како и на други монденски места во светот. Значи ќе можеме да понудиме нешто што е светски а не е само колку да се направи работата“ – вели Пашоски.

bartenderОбуката е организирана од страна на Туристичкиот кластер 1 за Југозападна Македонија и Здружението на бармени на Македонија, во соработка со ГИС. Ерхан Сулејманоски координатор на проектот, задоволен е од одзивот и ги најави и другите етапи на проектот.

„Имаме објавено конкурс до сите угостителски објекти во градот за пријавување на нивните вработени да станат дел од оваа обука, така да таа почнува од 01.09 годинава и ќе трае пет дена, од која шестиот ден ќе се полага, занчи еве јавно ги повикуваме сите кои се заинтересирани, краен рок е до недела да станат членови на кластерот на Јнугозападна Македонија 1 и да можат да предложат по еден од нивните вработени да го посетат курсот за бартендери и после една недела имаме уште еден курс за баристи за професионалци за приготвување на кафе“ – најавува Сулејманоски.

Покрај тоа што обуката за бартендери значи индивидуално усовршување на кандидатите, таа е значајна за развојот на туризмот во Охрид ,затоа што барањата на туристите се големи и специфични, вели Филип Арнаудов, потпретседател на Здружение на бармени на Македонија. Тој додава дека со кандидатите работеле 5 дена по 8 саати и било напорно, но сепак ги пофали кандидатите дека одлично се справиле со предизвикот бидејќи имале голема желба да ја научат оваа професија.

bartender„Тоа што се однесува како практичен дел и како теоретски дел сите можат да го научат, но јас велам дека и делот, комуникација со гости кој што го работевме и тоа овој курс, не е само за правење коктели, значи се учи многу повеќе, се учи односот со гостите, послужување, се учат сите алкохолни и безалкохолни пијалоци како да се послужат, така да со тоа знаење што ги имаат идните бармени ќе бидат посигурни во себе и многу полесно ќе им понудат на гостите дали тоа ќе биде коктел или друг пијалок“– рече Арнаудов.

Инаку Филип Арнаудов е креатор на првиот македонски коктел „Белегзија“, коктел кој што е составен само од македонски продукти. Тој за прв пат бил подготвен во 2008 година на Балканското првенство каде Арнаудов со овој уникатен коктел го освоил првото место. Тој дури ја откри и тајната на состојките на коктелот, жолта ракија, сируп од слатко од зелени смокви, сок од јаболко и ванила. На курсот идните баристи ја научија подготовката на 25 те светски најпознати коктели. А екипата на ТВМ го дегустираше коктелот Дајкири, кој му бил омилен на писателот Ернест Хемингвеј.

{loadpsoition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top