(ОБНОВЕНО) ИЗБОРНАТА КАМПАЊА НА ВМРО ДПМНЕ ЗАПОЧНА ОД ОХРИД

ВМРО ДПМНЕ традиционално изборната кампања ја започна од Охрид. Коалицијата за обнова на Македoнија синоќа на Античкиот театар ги претстави 62 кандидати за градоначалници на седмите по ред локални избори во земјава. Пред присутните зборуваше претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, кој рече дека тие нудат иднина на сигурност, проекти, просперитет, напредок, раст и развој.

 |   | 

ВМРО ДПМНЕ традиционално изборната кампања ја започна од Охрид. Коалицијата за обнова на Македoнија синоќа на Античкиот театар ги претстави 62 кандидати за градоначалници на седмите по ред локални избори во земјава. Пред присутните зборуваше претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, кој рече дека тие нудат иднина на сигурност, проекти, просперитет, напредок, раст и развој.

Ние имаме знаење и програма со многу проекти, ние гарантираме дека ќе ја исполниме и вие знаете дека може да верувате на нашиот даден збор. Поучени сме од грешките на минатото и со поправени и искоренети слабости, ние сме нови луѓе, квалификувани, чесни и свесни за околностите и одговорноста која ја преземаме. На овие избори влегуваме со чисто срце и ја бараме вашата доверба, ветуваме многу работа и конкретни резултати, рече Мицкоски.

Програмите со кои на овие избори настапуваме  се наречени гарантираме затоа што го имате нашиот  збор во сите општини дека ќе реализираме дела  кои ќе создадат нова иднина. „Вкупно програмите содржат 14 835 проекти од различни сфери и области и се решнија за реалните проблеми на народот. Поточно гарантираме изградба на реалните буквално потреби на граѓаните. Ветуваме  изградба и реконструкција на 2000 улици низ цела држава развој и реконструкција на 100 градинки,  150 училишта, инвестиции во животната средина и градба на 150 паркови – рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков вети посветла иднина за младите, намалување на иселувањето, економски напредок во општината, отворање на нови индустирски развојни зони, нови работни места, изградба на паркови, пешачки и велосипедски патеки. Тој рече Охрид треба да биде зелен град, најави развој на спортски, здравствен и културен туризам.

Охрид мора да биде град на активни и мотивирани млади луѓе кои учествуваат во донесувањето на одлуките. Подобрување на инфраструктурата во целост, реконструкција на плоштадите Свети Климент и Крушевска Република, реконструкција на булевар Македонски Просветители, катна гаража, максимално вложување и борба со дивоградбите и дивеењето во урбанизмот, квалитетно и модерно образование, што е темел за иднината и напредокот на Охрид. Изградба на нова современа градинка, поддршка на спортот и спортските клубови се нашиот врвен приоритет преку изградба на училишна спортска сала во село Лескоец во ОУ „Ванчо Николески“ и нови мултифунцкионални спортски игралишта – рече Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид.

Уморна е оваа земја од политичари кои зборуваат за се и сешто, а не кажуваат ништо. Уморна е земјата од криминал и корупција. Од судбини на семејства кои пропаѓаат, од тоа брат од брата си да се дели и да заминува во странство. Уморни сме од статистики како сме дното, а ги имаме најдобрите умови кои успеваат штом ќе ја поминат границата, рече Мицковски.

Да создадеме нова иднина можно е само со јасен концепт. Тоа е концептот промени – проекти – победи. Имаме знаење, капацитет, вештини, квалитет да бидеме рамо до рамо со напредниот свет, уверува Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ ги повика охриѓани да му ја дадат поддршката на овие избори. Победата ќе биде круната на нашиот пат и наше наследство за идните генерации кои во новата иднина, ќе бидат горди со своите предци, рече Мицковски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top