Објавено цеде со аудиозапис од животот на македонскиот поет Григор Прличев

Објавено  цеде со аудиозапис од животот на македонскиот поет Григор Прличев.

 |  Валентина Неловска  | 
библиотека
библиотека

Издадено цеде со аудиозапис  од животот на поетот и преродбеникот  Григор Прличев. Александра Белеска, директор на охридската  библиотека, е автор на цедето посветено на Прличев, вториот Хомер. Ова е продолжение на првиот дел од аудио записот издаден минатата година, а содржи моменти од  животот и творештвото на Григор Прличев. Цедето ќе може да се позајмува од  охридската библиотека Цедето е издадено во 30 примероци, со финансиска помош на министерството за култура, а техничката обработка на Славчо Спростран.

библиотека„ Библиотеката за прв пат добива материјал во аудио форма која го опфаќа комплетниот живот на поетот од неговото раѓање до смртта и се опфатени сегенти од поематат Сердарот, “ кажува авторката на цедето Александра Белеска.

Поемата „Сердарот“ Григор Прличев  ја  напишал во 1860 година. На 25 март истата година Прличев со поемата  учествувал на  натпреварот за најдобра поема на грчки јазик. Се закитува со  Ловоров венец и е добитник на парична награда. Поради силниот впечаток што го оставила со оваа поема, Прличев го добил  епитетот  Втор Хомер. Но, наградата не останува долго во негови раце, одбива да се изјасни како Грк и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд.

Покрај Сердарот, Григор Прличев е автор и на поемата Скендер бег и Автобиографијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top