Објавена листата на граѓани кои добија ваучер за домашен туризам

Министерството за економија ја објави листата на одобрени Потврди за користење на средства за домашен туризам во износ од 12.000 денари.

 |   | 

Министерството за економија ја објави листата на одобрени Потврди за користење на средства за домашен туризам во износ од 12.000 денари.

Ваучерот ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од пријавените угостителски објекти за сместување, објавени на веб- страната на Министерство за економија.

Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам.

Добитниците на потврди кои се од Скопје, истите ќе можат да ги подигнат во Министерството за економија-Сектор за туризам и угостителство, од понеделник 16-ти август 2021 година, од 09:00 до 14:00 часот. На добитниците кои не се од градот Скопје истите ќе им бидат испратени по пошта.

Листата на одобрени потврди за користење на средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари може да ја проверите на овој линк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top