Објавен оглас за субвенционирање на четири туристички дејности

Со цел да се обезбеди помош и поддршка на туристичкиот сектор кој беше најпогоден во пандемијата со Ковид 19, Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на четири категории туристички дејности.

 |   | 

Со цел да се обезбеди помош и поддршка на туристичкиот сектор кој беше најпогоден во пандемијата со Ковид 19, Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на четири категории туристички дејности:

➡️Субвенционирање на даватели на услуги во семестувачки капацитети од мал
обем на подрачјето на Општина Охрид.

➡️Субвенционирање на туристички водичи на општина Охрид.

➡️Субвенционирање на даватели на услуги во селски туризам и даватели на
угостителски услуги во селски домаќинства.

➡️Субвенционирање на даватели на услуги поврзани со водениот превоз и други
рекреативни активности на вода и плажа на општина Охрид.

Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање може да најдете на приложениот линк.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ЧЕТИРИ (4) КАТЕГОРИИ ТУРИСТИЧКИ ДЕЈНОСТИ

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top