• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО-ДПМНЕ од Oхрид најави соодветна пријава за в.д. градоначалникот Константин Георгиески за непочитување на одредбите од Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ од Oхрид најави соодветна пријава за в.д. градоначалникот Константин Георгиески за непочитување на одредбите од Изборниот законик

Спротивно на законите кандидатот за градоначалник Георгиески продолжува со предизборни активности. За СДСМ и Константин Георгиески законите се мртво слово на хартија и тие не важат, обвинија денес на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Најавија дека ќе поднесат соодветна пријава за непочитување на одредбите од Изборниот законик.

 |   | 

„Зошто не се почитуваат одредбите од Изборниот законик коишто се однесуваат на забрана за активности пред официјалниот почеток на кампањата?Каква демократска држава е таа во која не се почитува членот 69 со што се нарушува начелото на демократски принципи на функционирање на изборниот процес?Државната изборна комисија апелираше, Георгиески и СДСМ одат спротивно на тоа. Георгиески веќе неколку денови е во придружба на партиски членови на СДСМ на јавни настани што е доказ дека Георгиески на настаните е присутен по партиска агенда. Ова е флагрантно кршење и непочитувње на законите. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе соодветна пријава за прекршување на законите.Државната изборна комисија не смее да го толерира ваквото однесување на Георгирски и мора да го санкционира. Ги потсетуваме претставниците на ОБСЕ да го имаат предвид кршењето на одредбите на Изборниот законик и нарушувањето на демократските процеси“ кажа перчо Божиноски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top