НВО „Анималиа“ ќе прави зимски куќарки за привремено сместување на бездомни животни

Невладината организација за заштита и вдомување на животни, Анималиа со акција за изградба на привремени живеалишта за бездомни животни. Активистите велат дека главната цел на акцијата е подигнување на јавната свест за овој проблем како и потребата од изградба на прифатилиште за бездомни животни.

 |  Мишел Наумоски  | 
animalia
анималиа

Организацијата за заштита и вдомување на животни „Анималиа“ денес со акција за изграднба на привремени живеалишта за бездомни животни. Насловена како „Дом за бездомните животни“ акцијата има за цел да обезбеди топли куќарки за животните скитници од градов во текот на зимата. Активистите од оваа невладина организација потенцираат дека главната цел им е пред се да влијаат на подигнување на јавната свест кај луѓето.

kucinja„Идејата на акцијата е да собереме материјали од граѓаните, работи што не им требаат, а што може да се искористат на пример за правење куќарки и слично и главната цел на акцијата е да се покрене малку повеќе свесноста за бездомните животни во Охрид и да се сфати дека нема соодветни услови, дека е потребно некое прифатилиште за животни каде што тие привремено би биле сместени, хранети и негувани до моментот на нивно вдомување. Сега засега ова е единствено нешто што привремено би можеле да го направиме.“-вели Димитар Ставрески од невладината организација за заштита и вдомување на животни „Анималиа“.

Ставрески вели дека доколку соберат доволно материјали со кои би ги направиле тие куќарки, подоцна ќе ги пронајдат и местата каде што кучињата пред се се движат, и на тие места во соработка со локалната би ги поставиле овие куќарки. Но останува фактот дека нивното решение е само привремено.

kukjarki bezdomni zivotni„Тоа е само за зимскиот период, привремено, после ќе се повлечат. Моментално соработуваме со општината за да се направи нешто за прифатилиште. Забележавме дека и во програмата на градоначалникот е споменато дека рокот е баш до 2013 година, дека треба да има прифатилиште па се обидуваме да ги забрзаме тие работи.“-рече Ставрески.

Од „Анималиа“ велат дека веќе испратиле и писмо до градоначалникот Бакрачески со предлог проекти како би се остварило прифатилиштето за бездомни животни, како и позитивни примери како тоа функционира во други земји. Досега не добиле одговор од локалната.

Инаку ваква иницијатива за изградба на прифатилиште на бездомни животни имаше и во минатото. Тогашната идеја беше да се изгради регионален шелтер центар за бездомни животни кој ќе ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Вевчани и Струга, но за жал таа никогаш не се реализира до крај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top