Нуркачкиот центар „Амфора“ ви го претставува „Танцот со пастрмките”

Станува збор за документарен филм чија цел е запознавање со вековниот ритуал на мрест на Охридската пастрмка која претставува заштитен знак и синоним за ендемичноста на Охридското езеро и негативниот исход до потполно исчезнување на истата, доколку се продолжи со неконтролиран лов.

 |   | 

Документарниот филм се снимаше пет сезони во зима – Декември, Јануари и Февруари во период кога охридската пастрмка доаѓа во плитките води да се мрести.

Направени се повеќе од 50 часа снимен материјал и над 300 подводни фотографии. Нуркањата беа изведени во екстремни и ноќни услови со температура на вода од 6 до 7 целзиусови степени во присуство на планктон, струења, заматена и разбранета вода.

иако овој документарен филм имаше своја промоција во Охрид, досега не е објавен во медиум, а оние кои сакаат да уживаат во подводните убавини на Охридското Езеро може да го подгледаат филмот на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=gewR1oPsEsE.

Сценарио и режија : Милутин Секулоски
Сниматели : Тони Нически, Емил Јовановиќ
Сниматели под вода : Милутин Секулоски, Митко Јованоски
Автор на текст : Милутин Секулоски – Миќо
Наратор : Ирена Трајкоска
Музика : Николче Мицевски

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top