Нула Отпад: Преку децата генерираме семејства со високо ниво на еко култура

Еко катче во ОУ Дебрца во село Мешеишта формира Друштвото Нула Отпад. По повод денот на планетата земја заедно со наставниот кадар беше спроведена едукација преку креативни активности.  Преку  децата генерираме семејства со високо ниво на еко култура, велат од Нула отпад кои на училиштето и на учениците им доделија садови за одлагање електронски отпад и едукативни материјали.

 |   | 

„Нула Отпад“ Друштво за управување со отпад од Скопје во ОУ Дебарца од с. Мешеишта реализира едукација и започна  Еко акција за собирање на отпадни батерии. Настанот е по повод 22 Април Меѓународен ден на Планетата Земја. „ Нула Отпад“  оформи Еко катче обезбедувајќи за училиштето  голем сад за електронски отпад кадешто дечињата ќе имаат можност да ги селектираат отпадните батерии, како и едукативни постери. Наставниот кадар реализира инспиративни активности, вели Билјана Костадинова од “Нула Отпад“.

„ Наставниците преку креативни активности и материјалите коишто им ги доставивме, бидејќи наставата се одвива он лајн, подготвивме една мултидисциплинарна сликовница наменета за дечињата од одделенска настава и инспиративни презентации за дечињата од предметна настава. Овие презентации се следеа со навистина голем интерес и придружени со низа креативни активности кои наставниот кадар од ова училиште ги подготви навистина се реализираше еден убав настан со кој го одбележивме Денот на планетата Земја.Тука сакам да изразам благодарност до наставникот Билјана која ја водеше целата оваа акција и целиот наставен кадар којшто учествуваше во реализација на истата како и на децата кои несебично се вложија и научија многу преку овие едукации. “ – вели  Билјана Костадинова од „ Нула Отпад “

Еколошката едукација на децата од најрана возраст има огромно значење за развој на личноста на детето. Нула Отпад на  ваков креативен, иновативен и интерактивен начин преку едукација се труди да создаде генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат животната средина.

„ Краткорочни резултати од ова што го правиме нема. Овие едукации ги правиме од почетокот на нашето постоење. Децата се нашите еко амбасадори кои наученото го пренесуваат дома на своите родители, на своето најблиско опкружување. Вистинските резултати ги очекуваме на подолги стази преку креирање на генерации со изразено висока еколошка свест. “ – потенцира Костадинова.

Покрај оформувањето на  Еко катче во училиштето фирмата на сите ученици од ОУ Дебрца во Мешеишта им подари и мали садови за батерии за дома. За  подигнување на еколошката свест  неопходно е заедничко делување на заедницата и семејството. Преку  децата генерираме семејства со високо ниво на еко култура и навики за селекција на е- отпад и рециклирање, велат од „Нула отпад“ .

 
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top