Нова трагедија во Македонија: Почина млад ракометар

Нова голема трагедија во Македонија, почина 20-годишниот ракометар на Бутел, Марко Божиновски.

 |   | 

Нова голема трагедија во ракометна Македонија, почина 20-годишниот ракометар на Бутел, Марко Божиновски.

Само шест дена по смртта на голманот на ракометниот клуб Охрид, Никола Даниловски кој се удави во водите на Охридското езеро, денеска нова тажна вест ја потресе спортската јавност.

Информациите велат дека причината за смртта на ракометарот било срцето кое откажало во сон.

Тој настапи на вчерашниот дуел во победата против Еурофарм Пелистер 2 реализирајќи два голови.

Пред да биде член на РК Бутел, ги бранеше боите на вториот тим на Металург. Воедно беше дел од кадетската ракометна репрезентација на Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top