Нов oхридски бисер светна со сиот свој сјај

Нов блесок на уште еден Охридски талент. Младата Христина Аслимоска пишаниот збор го спакува во една убава книга поезија насловена „Средба со Диоген“. Основен мотив на ова емотивно празнење на Христина е митот за Диоген кој сред бел ден со фенер во раката го бара човекот меѓу луѓето.

 |  Мишел Наумоски  | 
Hristina Aslinoska
Hristina Aslinoska

Нов блесок на уште еден Охридски талент. Младата Христина Аслимоска пишаниот збор го спакува во една убава книга поезија насловена „Средба со Диоген“. Основен мотив на ова емотивно празнење на Христина е митот за Диоген кој сред бел ден со фенер во раката го бара човекот меѓу луѓето. Младата поетеса вели пишувањето за мене е еден одмор и прибежиште од реалноста. Во предвечерјето на денот кога Охриѓани го чествуваат патронот Свети Климент, своето најново уметничко дело го промовираше младата поетеса Христина Аслимоска. Роднини, пријатели, професори се собраа да го чујат поетскиот восклик на својата омилена поетеса. Христина вели задоволна сум, бидејќи ја постигнав својата основна цел, да создадам позитивни впечатоци кај слушателите. Книгата со наслов „Средба со Диоген“ иако апстрактна сепак успева да го допре суштинското прашање, дали постои човек меѓу луѓето?

„Значи луѓето знаеме дека ги има на секој чекор, но колку го има човечкото во нив односно колку ние сме опкружени со нив е навистина голем прашалник. Обратно значи нечовечкото во човекот било тоа што ме инспирирало да создадам не само една песна туку ете и целата книга да ја насловам како „Средба со Диоген“. Верувам дека со тоа успеав да поставам едно прашање на денешницата и да ја пренесам мојата порака до ценетите читатели.“-вели Христина Аслимоска-Автор „Средба со Диоген“.

„ Секој во денешно време треба да си има еден вид духовно исполнување и задоволство и еден свој одмор и прибежиште од реалноста а сето тоа за мене го претставува пишувањето.“-додава Христина. Иако поезијата како начин на изразување не е доволно популарна, сепак младата поетеса е оптимист.

kniga Sredba so Diogen„Без разлика на сите тие факти и околности, пишувањето било и ќе остане дел од мене и од начинот на кој јас се доживувам и разбирам себеси, затоа што секогаш кога пишувам, успевам да ги испразнам сите емоции, да си ја наполнам душата и нешто што ми е навистина важно во својата поезија, да пренесам порака, да има содржина и нешто што го порачувам на оној кој што ја чита. Поезијата за мене и читањето воопшто не претставува едноставно емотивно празнење, но според мене секогаш мора да го има оној наративен елемент и порака која што треба да допре до оној што ја чита.“-додава Христина.

„Како и секој млад човек имам многу визии и предизвици. Го споменавте начинот на изразување и точно, тоа е еден од моите идни предизвици, да се обидам да се изразам преку роман, но тоа е дел од иднината. Мое е да продолжам да пишувам и на тој начин да продолжам да чекорам по творечките патеки безразлика дали тоа ќе биде преку поезија или преку проза.“-вели Христина. За промовирање на ова дело беа задолжени нашиот познат поет, Славе Ѓорго-Димоски и Професор д-р Димитар Пандев од Филолошкиот факултет во Скопје. „Средба со Диоген“ е шестата и најнова книга на Христина Аслимоска, а добитник е и на многу награди за литература, вклучувајќи ја и Климентовата повелба од 2010 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top