Се нижат наградите на уметникот Ели Аин

Ликовниот уметник охриѓанката Ели Аиноска – Христовска беше добитник на наградата за скулптура „Димо Тодороски“. што ја доделува Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во соработка со културно информативниот центар во Скопје.

 |  Татјана Маленкова  | 
aini
Ели Аиноска – Христовска

Ликовниот уметник охриѓанката Ели Аиноска – Христовска беше добитник на наградата за скулптура „Димо Тодороски“. што ја доделува Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во соработка со културно информативниот центар во Скопје. Оваа награда се доделува еднаш годишно и го носи името на основположникот на современото творештво на македнската скулптура.

„ Беше мој магистарски труд и беше изложен во националната установа Чивте амам во Скопје потоа беше претстевана во склоп на Охрдско лето и во Битола во склоп на фестивалот „Битола отворен град“ и мислам дека адекватно го покажав целиот проект именуван како двојно кодирање или мал град, бидејќи тука можеше да се воочи токму тој однос помеѓу архитекторнките зданија и самите објекти поставени на отворен простор“, вели Ели Аиновска Христовска.

Христовска со истото дело била номинирана и за наградата најдобар успешен визуелен уметник помеѓу тројца уметници, од страна на центарот за современа уметност во Скопје, во соработка со фондацијата за цивилно општество во Њујорк номинација денес 2011. Христовска додава дека една ваква награда или пофалница за секој  уметник е поттик за понатамошно негово творење. Таа открива и дел од своите планови за годинава и на приватен план, но и како дел од здружението Артерија.

aini„ Моментално сум сконцентрирана на еден нов прокт кој очекувам да го финализирам на некој начин. Во подготовка сум и со артерија на нови проекти и наскоро стартуваме со нов циклус на изложби“, додава Христовска.

Аиноска Христоска  магистрирала на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје. Има остварено 7 самостојни изложби, а учествувала и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Таа е дел од Центарот за Културен Проток ,,АРТерија” од Охрид. Ова друштво на млади уметници со својата работа остави посебен впечаток минатата година со својата богата програма која ја понуди за Охриѓани и гостите. Нивните активности, сите влубеници во уметноста можат да ги погледнат на web страницата   http://arterija.wordpress.com/.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top