Нина Балабан, најдобар спортист на Охрид за 2016 год

Олимпијката Нина Балабан ја понесе наградата за спортист на годината за 2016 год. Подемот во Охрид на спортски план се екипните спортови, ракометот и кошарката кои ги исполнуваат салите, велат од Сојузот на спортови во Охрид, коj денес одржа свечена церемонија на доделување признанија и пехари на најдобрите охридски спортисти.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Стрелачката Нина Балабан е спортист на Охрид за 2016 година. Оваа титула Балабан ја добива по втор пат, првиот пат беше во 2013 година. Таа изминатата година ја оценува како мошне успешна. Посебен печат било нејзиното учество на олимпијадата во Рио, добивањето на престижната награда Климентовата повелба, како и првиот натпревар после олимписките игри кој се одржал во Белград на интернационалните игри.

„Можам да кажам дека јас сум единствениот македонски стрелец кој што успеа да се закити со трето место на еден престижен натпревар, се тоа крунисано со два државни и лични рекорди. И да биде комплетна 2016 година е денешниот избор за спортист на годината

Наградите се мотив плус за поголеми успеси и на останатите спортисти, кои се закитија со престижното признание на Сојузот на спортовите на Охрид.

„Благодарам на спортската јавност во Охрид и ќе продолжам со успесите“. Ова признание и награда за мене е само доказ дека успехот што го направивме врдеи и тоа се должи на работата и целокупната поддршка што ја добиваме од сите“

Во името на општина Охрид и градоначалникот, на спортистите им се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој заблагодарувајќи им се на охридските спортисти за постигнатите успеси, истакна дека последниве три години градската власт многу направила на полето на спортот, во поглед на вложување во подобрување на спортската инфраструктура, нови игралишта, обезбедување услови за тренинг на спортските клубови и сл.

„Ќе се осврнам на 2016 година, а и преку оваа манифестација..еве беа доделени околу 20 сетина признанија на заслужни спортисти. Видовте дека добитници беа од најмалите категории па и јуниорските класи а признание добија и двата најголеми и најуспешни клубови во градот, ракометниот и кошаркарскиот клуб. Тие докажаа дека во Охрид мора и може да се игра прволигашки ракомет и кошарка“

Голема благодарност до општина Охрид за нивната поддршка во спортот, изрази Коста Карадимче, претседателот на Сојузот на спортови во Охрид.

„Членките на Сојузот сите се ангажирани и стојат позади спортот. Максимално со нивна соработка дојдовме до оваа манифестација како плод на работа во текот на целата година каде што ги следиме сите спортисти, спортски настани и следејќи го сето тоа доаѓаме до овој резултат кој што го имавме денеска. Подемот моментално во Охрид е во екипните спортови, не можиме да ја заборавиме атлетиката но морам да ги издвојам ракометарите и кошаркарите сепак се моментално број еден во Охрид“.

Миодраг Христовски, се закити со наградата за животно дело за неговата осум децениска активност на полето на спортот. Постхумна награда на церомонијата добија Александар – Леко Радиќ и Влатко Димитров, а со минута молк присутните во големата општинска сала им оддадoa почит. Најперспективни спортисти, Давид Крстески -Теквондо/фудбал, Христијан Чолески – Џиу Џицу, Мартин Патчев – Кајак, Викторија Алексиеска -ракомет, Јана Маркоска -Стрелаштво, Мартин Иваноски -ракомет, Кристина Мојсоска -Фудбал, Јована Кецкарова -тенис. Најуспешни портисти на годината. Славчо Миречски и Мартина Мироска -Атлетика, Крсте Андоновски -ракомет, Едмонд Хоџа – Фудбал. Најдобар спортски клуб, РК Охрид и КК АВ Охрид. Најдобар тренер, Петар Чочороски

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top