• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Николески : Лицата со посебни потреби ќе бидат активно вклучени во одлучувањето во општините

Николески : Лицата со посебни потреби ќе бидат активно вклучени во одлучувањето во општините

Како и досега, ќе продолжиме да работиме за создавање на услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучувањето во општините. Работиме на целосна интеграција на лицата со посебни потреби во општеството, рече на денешната прес конференција Ристо Николески, кандидат за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Тој најави отворање на канцеларија за лица со посебни потреби во рамки на локалната самоуправа, каде ќе бидат вработени лица од оваа категорија кои се работноспособни.

 |   | 

Ќе продолжиме да работиме за создавање на услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучувањето во општините. Работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво за лицата со попреченост и целосна интеграција на лицата со посебни потреби во општеството, кажа на денешната прес конференција Ристо Николески кандидат за советник од СДСм и Коалицијата.

Во таа насока отвораме Канцеларија за лица со посебни потреби во рамки на локалната самоуправа, која ќе има за цел да се грижи за потребите на оваа категорија граѓани на ниво на општината. Во канцеларијата ќе бидат вработени лица од оваа категорија кои се работоспособни – кажа Николески.

Воведуваме мобилност и пристапност до сите општински и образовни институции, прилагодлива инфраструктура и пристапни патеки, како и поддршка на семејства на деца со пречки во развојот, најави Николески.

Ќе продолжиме со програмата за образовни асистенти, кои ќе овозможат вклучување на што е можно повеќе деца со пречки во развојот со форми на предучилишни и училишни програми.  Продолжуваме со поддршка на постоечките дневни центри за лица со попреченост и ќе отвориме нови центри – најави Николески.

Николески потсети во текот на изминатиот период се обезбеди поддршка и се овозможи непречено работење на дневните центри за лица со попреченост и најави обезбедување нови и соодветни просторни услови, како и опрема и зголемување на бројот на вработени негуватели и воспитувачи во центрите.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top