Несекојдневен јапонски перформанс за промоција на „Дневникот на хулиганот“

Со оваа книга на охридскиот писател Сашо Димоски, охриѓани ќе можат да се запознаат одблиску преку буто перформансот на актерот Васил Зафирчев. Преку него, Зафирчев и Димоски ќе се обидат да го одгатнат  феноменот на љубовта врз принципот на импровизацијата.

 |  Мишел Наумоски  | 
dimoski zafircev
димоски зафирчев

Несекојдневната мешавина на поезија во проза и проза во поезија „Дневникот на хулиганот“ утревечер пред охриѓани во една неконвенционална претстава. Преку буто перформансот на Васил Зафирчев, публиката ќе може да се запознае сосема непосредно преку мултимедијалниот проект на авторот, охриѓанецот Сашо Димоски. Оваа книга, која е воедно и негово прво дело е само зачеток на она што Димоски вели дека најмногу го интересира, истражување во формите и создавање на засебни, нови книжевни форми.

buto performans„Од целиот напишан материјал кој е навистина обемен. Селектирав 44 глави кои се по својата поставеност од книжевен аспект се мешавина од поезија и проза и тоа е она што го прави „Дневникот на хулиганот“ посебно книжевно парче во македонското книжевно небо. Со веќе изграден стил знаете кога истражувате во форми, логично е да градите своја сопствена поетика што почива на нешто што вам лично ви е интимно, блиско и ве прави особен во она што го работите.“-вели авторот, Сашо Димоски.

Необичниот спој на писателски жанрови на уште понеобичен начин ќе се обиде да го долови актерот Васил Зафирчев. Тој, со изведба на специфичната јапонска театарска дисциплина, буто перформансот, ќе даде свој печат на поетиката на авторот Димоски.

Dnevnikot na huliganot„Карактеристично за моето буто е тоа што подлежи на принцип на импровизација. Тоа се создава сега и овде иако на веќе договорени репери кои ја градат основната приказна. Приказната со која се занимавам, мојот буто перформанс на тема „Дневникот на хулиганот“ е токму темата на демистификацијата на љубовта, односно проклетата потреба на човекот секогаш кога ќе фати пеперутка секогаш да ја заробува во кафез, никога да не ја пушти во слободен лето што впрочем љубовта како феномен го бара, и токму затоа заглавуваме во тие интимни лични љубовни приказни кога ја имаме таа проклета потреба да ја поседуваме љубовта наместо да ја негуваме и развиваме во нејзината слободна форма.“-рече актерот Васил Зафирчев.

Буто перформансот ги обединува театарот, сликарството, поезијата, танцот. Ваков тип на перформанс за прв пат се изведува во Македонија. „Дневникот на хулиганот“ низ буто перформанс за прв пат се извел на 14ти Февруари во Македонска опера и балет, а досега бил изведен и во Битола и Велес. Автентичната изведба на „Дневникот на хулиганот“ охриѓани ќе може да ја погледнат утревечер во кафе барот Ликвид со почеток од 21 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top