Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство

Охрид и охридските цркви се неисцрпна ризница на културно наследство. Дел од него е ставено пред очите на јавноста, а дел е скриено. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони од 18 и 19 век.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kamensko
каменско

 

Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела.  Презентирани се 48 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век,вели Отец диме Азески.otec dime

Најстарата икона датира од 1740 година. Посебно вредни се иконите од Корчанската зографска работилница на Трпо Зограф, кои се одликуваат со една сложена програмска концепција заснована на култови и светители што ги негува и слави Охридската архиепископија.

Во стилски поглед се издвојува иконата на Богородица од 1835 година, дело на Данил, монах од Самарина, икона сликана во манастирот „Св. Јован Бигорски“, и подоцна подарена на црквата во Каменско.

Збирката поседува неколку извонредни икони на Дичо Зограф, сликани меѓу 1852 година и 1864 година, меѓу кои и иконата на Седмочислениците. Во збирката има и една икона на Аврам Дичов со долг приложнички запис, многу значаен за историјата на црквата.

Од опусот на Серафим Зограф би издвоиле неколку икони со многу ретка тематика и иконографија меѓу кои се и иконите на Света Троица што ја крунисуваат Богородица, икона со сцени од празници од Цветниот триод, иконата на свети Тома со сцени од житието и повеќе икони на Богородица, придружувана од претстikonaави на светци. Оваа поставка многу значи за самата црква, но и за Охрид како културен и духовен центар.

Ова вредно богатство треба и да се заштити, земајќи го во предвид фактот што во последно време се повеќе икони се крадат од нашите цркви, вели отец Азески. Пред да се пристапи кон реализација на проектот, една од важните работи беше и градење на систем на безбедносни мерки со кој галеријата би била обезбедена, додава тој.

Отец Азески вели дека и другите цркви во Охрид поседуваат вредни збирки, но тие допрва треба да се проучуваат и објавуваат.  Инаку, оваа галерија беше  отворена по повод 180-годишниот јубилеј од изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top