Нема учебници за турските паралелки

Турските серии по се изгледа поприоритетни од образованието на децата. Децата во турските паралелки од ОУ „Братство Единство“ сеуште немаат учебници на мајчин јазик, што согласно законот им е неприкосновено право.

 |  Билјана Николовска  | 
OU Bratstvo Edinstvo
ОУ Братство Единство

Osman OsmaniОтворен проблем во образовниот процес на ОУ „Братство Единство“. Децата кои изведуваат настава на турски јазик сеуште се без соодветни учебници по редовните наставни предмети. Родителите со право реагираат, но се обраќаат на погрешна адреса, вели директорот на ова училиште Осман Османи. Тој вели дека од негова страна прави големи напори децата што помалку да трпат поради овој проблем. Османи вели дека неговиот апел до ресорното министерство досега не вродил со ефект.
Проблемот со превод на учебниците на турски јазик најверојатно лежи во немање доволно кадар на преведувачи на турски јазик, вели Османи. Но тој потенцира дека ресорното министерство треба да изнајде решение и да оцени кои работи имаат приоритет. Според Османи, несватливо е како се постигнува да се преведат бројните турски сапунуци, а се нема време за неколку учебници.
Проблемот со учебниците на турски јазик останува отворен најверојатно до почетокот на второто полугодие од учебната година. Досега само 50% од учебниците се преведени, вели портпаролот на МОН Горан Галевски. Тој појаснува оти факт е дека Министерството за Образование и наука доцни со изработката на учебници на турски јазик, поради немање доволно стручен кадар за тоа. Галевски признава дека и оние малку преведувачи на турски јазик ангажирани се со превод на бројните турски серии што редовно ги следиме на медиумските програми на разни канали. Но, овој проблем не е сезонски туку децениски велат од ОУ „Братство Единство“. За жал досега воопшто не се памети почеток на учебна година без да се направи пропуст во учебниците. Како да незнаат од ресорното министерството кога е почеток на учебната година па 1 ви септември секогаш ги изненадува.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top