Нема пренамена на локацијата на Факултетот за туризам и угостителство

До донесување нов Генерален Урбанистички План, Факултетот  за туризам и угостителство останува на старата локација и со истата намена. Нема формирање на ново јавно претпријатие за стопанисување со вода, а нема ни измени во ценовникот на ЈП Градски гробишта.

 |  Валентина Нелоска  | 
dup
dup

Советникот Дејан Паноски од Вмро Дпмне стави  забелешка на овој урбанистички план со кој се предвидени високи градби во првата езерска  линија, а  кои ја загрозуваат сликата на Охрид.
Советниците не дадоа зелено светло и за формирање на ново јавно претпријатие Водовод  за собирање, обработка и  снабдување со  вода. Нема ни измени во ценовникот на ЈП Градски гробишта иако советникот Драган Пандески ја образложи  потребата од одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид.
Засега трите  погребални оператори во Охрид ја избегнаа таксата од 1000 денари за пристап до гробните места. Нема да се градат ни гробници за кои имало интерес од поединци во висина од 25.000 денари, ЈП досега за нив немало формирано цена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top