Нема пари за изградба на цветен пазар

Охрид и понатаму без цветен пазар. Неговата изградба која беше најавена уште пред шест месеци заради презадолженоста на општината и незавидната ситуација во која се наоѓа ЈП „Градски пазар“, не може да се реализира. Ќе се бара партнер од приватниот сектор кој ќе инвестира во овој проект.

 |  Јаковлева Лионела  | 
cveten pazar
цветен пазар

Доцни реализацијата на проектот за изградба на цветен пазар. Уште пред шест месеци беше обелоденето дека на плоштадот „Крушевска Република“, кај Чинарот, на самиот влез на пазарот треба да биде новата локација нcveten pazarа современиот цветен пазар. Според планот инвестицијата требаше да изнесува 30 000 евра.

Овие средства во моментов ЈП „Градски Пазар“ ги нема , а заради презадолженоста на општината и таа не е во можност да ги издвои овие пари. ЈП „Градски Пазар“ нема можност оваа идеја да ја реализира ниту со земање  кредит од комерцијалните банки, бидејќи претпријатието не располага со имот, а објектите каде е сега сместена диркецијата се ставени под хипотека, велат од Локалната.цветен пазар

 

Продавачите на цвеќе на градскиот пазар со нетрпение очекуваат да се отвори современ цветен пазар бидејќи моментално каде што се наоѓаат нема соодветни услови за цвеќето кое е многу специфично за продажба бидејќи многу лесно може да се уништи.

Од ЈП „Градски Пазар“ велат дека за да ја реализираат  идејата за изградба на цветен пазар ќе бараат партнер од приватниот сектор кој ќе инвестира во овој проект. Средствата кои ќе се прибираат од издавањето на објектите и тезгите под наем, одреден период  би се слевале на сметката на ЈП „Градски Пазар“ и на приватниот инвеститор се до оној момент додека не му се врати инвестицијата на партнерот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top