Наскоро Европски триатлон куп и Балканско триатлон првенство во Охрид

Само десетина дена до еден од најголемите спортски настани оваа година во Охрид годинава. Македонската Триатлон федерација со помош од Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“, Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и македонскиот олимписки комитет, ќе организира Европски триатлон куп и Балканско триатлон првенство во Охрид.

 |   | 

На 15-ти и 16-ти септември , 300 натпреварувачи од 20 земји ќе ги одмерат своите спорстки вештини во пливање, трчање и возење велоспед во категориите деца, јуниори, кадети и сениори, на  Европскиот триатлон куп и Балканското триатлон првенство во Охрид, информира Иван Михајлоски претседател на македонската федерација за триатлон.

„Се надеваме дека натпреварот ќе помине во најдобар ред, очекуваме доста натпреварувачи во сите возрасни категории. Главните трки ќе бидат во сабота, елитната категорија, потоа јуниорите, кадетите, во трката во недела имаме натпреварувчи во најмалите категории и рекреативци и на крај завршуваме со еден штафетен триатлон кој ќе биде избор од првиот ден натпреварувачи според репрезентациите кои се дојдени, за да исполнат норма за Олимпијадата 2020 во Токио“- вели Иван Михајлоски – претседател на македонската триатлон федерација.

Во Охрид се очекува со овој спортски настан да претстојуваат околу 700 гости во периодот после сезона. Поддршка за организирање на настанот има од Локалната самоуправа. Вакви спортски настани го ставаат Охрид на мапата на дестинации привлечни за спортистите и љубителите наспортот. Тоа е и заложбата на Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“ која се јавува како технички организатор на настанот.

„Нашите лобирања, нашата претходна работа којашто ја имавме во Охрид со сите оние организациски способности, како асоцијација допринесоа да Македонската триатлон федерација види во нас партнер, ние како техничка пордршка да бидеме во организацијата на овој настан“, објаснува Јоне Станкоски – Асоцијација „Спорт за сите, сите за спорт“.

Охрид како град на Унеско е привлечен, а има и прекрасни услови за одржување на триатлонот. Балканско превство во триатлон за прв пат во Македонија е оддржано во Дојран во 2005-та година. Од Македонската триатлон федерација се надеваат дека овој Европски куп  ќе прерасне во настан кој тековно ќе се организира во Охрид. Нешто големо и убаво кое ќе премине понатака во традиција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top