Нашата ниска свест кон водните ресурси со кои располагаме

Нашата ниска свест кон водните  ресурси со кои располагаме.

 |  Валентина Неловска  | 
вода

Водата во градскиот водовод во Охрид  е квалитетна за пиење, ддоека  во руралните средини водата за пиење е со променлив квалитет, вели Сашо Точков , броматолог, специјалист  по санитарна хемија. Тоа  се должи на недостаток од дезинфекциони средства проблем присутен   подолго време па водата микробиолошки и бактериолошки е загадена.

водаНашиот град и држвата не може да се пофалат со висока свест кон водните  ресурси со кои располагаме. Додава дека граѓаните и институциите сеуште имаат  ниска  свест за значењето на езерото како басен со квалитетна вода за пиење. Мал е бројот на граѓаните и институциите кои внимаваат и се грижат за квалитетно одржување на животната средина и на водите, подвлекува Точков.

„Најголем број од населението иинтитуциите не ги запазуваат стандардите и критериумите како што во светот ги учат малите деца во образовните институции, а тоа го практикуваат постојано. Тоа кај нас не е случај. Гледаме какви отпадоци исфрла езерото, а тоа го прават луѓето. Тоа како да е туѓо исто така и животната  средина  па потоа се чудиме кога природата ни возвраќа“, истакнува Точков.

вода

Не е подбар ни нашиот однос кон рационално штедење на водата за пиење кое треа да го пренесуваме на помладите генерации, вели Точков. Посочува на бројните градски фонтани кои треба д асе градта но не како што се сега без механизам за активирање на водатат па  таа тече и без потреба.

“ Ние сме сведоци на фонтани за вода за пиење од која  се излева вода, а тоа е како да  фрлате и туривате пари. Не знам дали и во најбогатите земји го има тоа. Во Охрид ги гледаме на секој чекор како чиста вода од прва класа постојано тече, “напоменува Точков.

билјанини

На светскиот Ден на водите незаобиколна тема се и познатите Билјанините извори. Таблата  со забрана за употреба на водата за пиење таму  ќе стои се додека не се најде вистинската причина, напоменува Точков. Се додека не се вклучат компететни луѓе и институции кои ќе направат стручна Студија од каде ќе се  види што се случува во Билјанини  извори.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top