Актерите од Народниот театар Истанбул ќе ја играат преставата „Буре Барут“

Станува збор за ремек дело составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина. Вечерва ќе видите турска игра на „Буре Барут“, но сигурен сум дека ќе ја препознаете и македонската „Буре Барут, порача турскиот режисер Јилдирај Шахинлер.

Народниот театар од Истанбул ќе ја игра култната театарска претстава „Буре Барут“ на македонскиот драматург Дејан Дуковски. Режисер на претставата е Јилдирај Шахинлер. „Буре Барут“ е претстава која се прикажувала во многу европски земји и во светот. Ремек-делото е составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина.

Режисерот Јилдирај Шахинлер , е директор на Народниот театар Истанбул и е дел од актерската екипа . Шахинлер е почестен што е дел од фестивалот „Охридско лето. Како режисер практикувам импровизација, но се разбира, со дозвола на драматургот и засега тоа резултира со прекрасни изведби. Вечерва ќе видите турска игра на „Буре Барут“, но сигурен сум дека ќе ја препознаете и македонската „Буре Барут .

„ Најпрво го погледнав филмот. Еден од моите пријатели ми кажа дека постои сценарио кое што е напишано за театарски изведби и решив да го преведам од англиски јазик. Претставата ја изведовме во Истанбул бидејќи приказната од „Буре Барут“ одговара и за Турција“, рече Шахинлер. 

Младата актерка, Башак Гумулџинелиоглу е дел од театарската претстава и заради улогата во Буре барут го одложила патувањето во Лондон каде што има ангажмани. Претставата „Буре Барут“ не зближи како актери и направи да се чувствуваме како семејство, кажа Гумулџинелиоглу.

„ Претставата „Буре Барут“ пренесува една универзална и безвременска порака која одговара во кое било време особено за овие простори. Ја играме три години и веќе станавме едно семејство, истакна Гумулџинелиоглу.

Театарскат екипа од Народниот театар од Истанбул ја сочинуваат актери од различни возрасти од 25 до 60 години. Актерот Еркан Џан вети дека публиката ќе има можност да види прекрасна игра на турските актери.

„Играта е многу убава и ние се гордееме што ја играме. Вашата земја е прекрасна. Знам дека повторно ќе се вратиме овде со друга игра“, рече Џан.

Иницијатор за гостување на театарската претстава „Буре Барут“ и турските актери на фестивалот „Охридско лето“ е Илијас Балта. Тој истакна дека интересно е, како може некој да пишува нешто и да предвиди што ќе се случи по повеќе од 30 години . Тие што ќе дојдат вечерва на претставата ќе видат дека Дејан Дуковски напишал нешто пред повеќе од 30 години и тоа се случува и денес. Оваа приказна, Јилдирај Шахинлер ја приспособил да се игра во Македонија на турски јазик, рече Балта.
Во претставата Буре Барут на Народниот театар од Истанбул играат и актерите Ајтек Енал, Рухи Сари, Фарука Аигере, Рија Енал и др.

барут“, буре, играат, истанбул, ја, народниот, преставата, театар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top