Најтрофејниот АK од Охрид бара финансиска поддршка од градските власти

Најтрофејниот АK од Охрид бара финансиска поддршка од градските власти.

 |  Валентина Неловска  | 
ak Ohrid

ak ohridАтлетскиот клуб Охрид иако важи за еден од најуспешните градски клубови со рекордери и прваци во Македонија нема поддршка од  градските власти.  И годинава, како и минатата,  од Локалната самоуправа добиле негативен одговор на писменото барање за помош, вели проф. Влатко Димитров, македнскиот атлетски  селектор и претседател на охридскиот клуб. Додека другите иако помалку успешни атлетски клубови добиваат финансиска помош од своите општини, тоа не случај и со нашата локална власт.  Од минатата година на клубот му се заканува опасност  да згасне по 38 години успешно постоење и  работи  во се полоши услови, напоменува Димитров.  

„ Имаме атлетичер кој е во комбинација за учество на Светските олимписки игри кои ќе се одржат следната година во Рио Дер Жанеиро, тоа е Славчо Мирчевски во дисциплината скок во далечина. Но, нагласувам дека нашите  атлетичари се голи и боси без никакв опрема, аталетски маици, шорцеви, спринтерици  ни тренерки“ , укажува тренерот и селектор на македонската атлетска репрезентација.  
 
akПомошта од атлетската  федерација го спасила клубот и му овозможиле  да учествува на  Купот на Македонија за сениори  и сениорки. Дома се вратиле со освоено прво место во севкупна конкуренција. Пред два месеци  атлетскиот клуб и претседателот на аталетската федерација на Македонија побарале прием кај градоначалникот, но сеуште чекаат на средба, напоменува Димитров.  

„Да разговараме со градоначалникот и да има добри сознија за нашите можности и можни успеси овој клуб кој има традиција, работи и ствара одлични спсортисти. Ако сакаме да опстанеме ќе мора да бидеме поддржани максимално од општина Охрид ако не клубот ќе се распадне. Да се формира нов,  пак ќе треба едно 10 години“, вели Димитров.

Но, тогаш  тренерите ќе треба да бидат платени, а не како мене  кој работам само од љубов кон атлетикатата, додава професор  Димитров. Тој  потсетува на успешните резултати кои ги има постигнато атлесткиот клуб Охрид, а  ги набројува преку 5те илјади медалји,  45 освоени екипни места  и преку 60 трофејни  први места во младински  категории. Тука се и учествата на бројни  Балкански натпревари, европски и светски првенства, како и настапот на селман Реџеп на Олимпијдата во Пекинг. Но од минатата година атлетскиот клуб е преполовен. Од  30 сега има  15 атлетичари кои постигнуваат врвни резултати, напоменува Димитров. Недостатокот од финансии не дозволува да работам со подмладок, вели тренерот Димитров, затоа што вели не е фер да децата да тренираат, а да не можеме  да им овозможиме  учество на натпревари.   

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top