НП Галичица ги промовираше новата веб страна и мобилна апликација за посетителите

Менаџментот на паркот се фокусира кон промена на начинот на обезбедување средства за установата. Во изминатите неколку години со помош на Понд и Ундп паркот се свртуваат кон самофинасирање на активности од туристичка понуда и заштита на природните убавини. Денеска се одбележа годишнина од прогласувањето на националниот парк.

 |  Валентина Неловска  | 

НП Галичица ги следи светските примери во управувањето со природните ресурси. Од прогласувањето пред 6 децении до денес националниот парк се трансформира и ги менува активностите во користење на природните ресурси на планината. Денес, во рамките на одбележување на јубилејот беа промовирани нова веб страна и мобилна апликација. Посетителите ќе добиваат повеќе информации и слики со што ќе им стануваат подостапни убавините на псркот, кажа Васко Паскали, директор на НУ НП Галичица.

„Се повеќе се имплетираат туристичките активности за разлика од порано кога паркот се самофинансираше со користење на природните ресурси и сеча на шумата. Сега се фокусираме на промена на начинот на обезбедување средства за заштита на прирордините ресурси “, напомена Васко Паскали директор на НУ НП Галичица.

Во изминатите неколку години НП Галичица за спроведување на успешната трансформција добива помош од програмите на УНДП и Фондот за природа Преспа Охрид ( Понд). Од ПОНД за регионот се издвоени 11 милиони евра за промоција на паркот. Мирјам де Конинг, од Фондацијата за природа, се заблагодари на тимот вработени во паркот за преземениот предизивик при трансформацијата. Лесно беше да соработувам со посветен тим на промените, кој веруваше во мисијата и имаше визија за да ги направи вистинските предизвици, рече де Конинг.

„За мене тоа беше возбудливо патување како асистент и кофинансиер на паркот од страна на Понд. За кратко време се трансформира паркот , од сеча за дрва па до сега како бизнис национален парк свртен кон заштита на природата, едукација и во менаџирање со посетителите “, кажа де Конинг.

На промоцијата беше присутен и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. Ние како министерство го поддржуваме концептот за самоодржливост на националните паркови и при тоа порача да се следат примерите и на останатите европски паркови кои ги промовираат и користат своите природни ресурси во туристички цели. Природните убавини да се понудат на посетителите за да уживаат во она што го нуди паркот со птиците, пеперутките , репродуктивниот центар со елени, укажа заменик министерот Макрадули.

„Нашите природни убавнини послабо ги користиме за промовирање и ми е драго што во рамките на проектот на Понд и проектот со УНДП прилично се дава поинаква слика како треба да изгледа менаџирањето со еден Национален парк“, напомена Макрадули.

Од НП Галичица, на основците од Охрид и Преспа кои учествуваа во наградниот ликовен конкурс, им ги додели наградите на најуспешните ученици кои преку слики ги прикажаа убавините на Галичица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top