На охридското крајбрежје има интерес за странски вложувања во изградба на хотели


На охридското крајбрежје има интерес за странски вложувања во  изградба на  хотели. До локалната самоуправа има неколку барање за изградба на големи и помали хотели. Напоменуваат дека се чека изработка на урбанистички план за крајбрежјето па потоа ќе се разгледуваат барањата.

 |  Валентина Неловска  | 

На охридско – струшкото крајбрежје се повеќе се чувствува недостиг од хотелски капацитети, посочуваат хотелиерите. Сегашните 7000 легла во хотелските сместувачки капацитети на крајбрежјето се недоволни. Со изградбата на 10 – тина хотели, со по 200 соби или околу 10.000 легла, би ги  задоволиле потребите, напоменува Крсте Блажески претседателот на Хотам. Министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска при работната посета на Охрид информира дека странски инвеститори се заинтересирани за вложување во туризмот на крајбрежјето.

„ Од аспект на инвестиции има доста заинтересирани за изградба на нови комплекси. Една од најатрактивните локации е Охрид. Сигурна сум дека ќе има проекти за да се реализира некој проект“, вели Апостолска.

Во локалната самоуправа барања за изградба на големи хотели има за 2 локации и за неколку помали, вели Јован Стојаноски охридскиот градоначалник. Но, напоменува дека претходно мора да се испочитуваат обврски кои се во постапка.

„ Сето тоа би сакал да го одговорам кога ќе има завршено урбанистичко планирање на одреден дел од просторот. Ние аплициравме за изградба на урбанистички планови на крајбрежјето што ни е една од препораките на мониторинг мисијата на Унеско. Очекуваме да ги добиеме тие средства за да го изработиме урбанистичкиот план“, најави Стојаноски.

На охридското крајбржје има неколку големи хотели Инекс, Десарет, Метропол и Белви, а на струшкото Дрим и Изгрев. Од нив само Инекс и Изгрев се хотели со 5 ѕвезди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top