Младите да се вработуваат после 6 месеци од школувањето

Младите после завршеното образование треба да се вработат во рок од 4 до 6 месеци, со цел да им се исполнат амбициите за работа. Ваквото мислење доминираше на денешната дискусија помеѓу младите невработени, студентите, претставниците на релевантните институции за вработување и претставниците од образованието.

 |  Николоска Биљана  | 
mso
мсо

msoНа која возрасна група треба да се даде институционална поддршка при транзицијата од образование до вработување. Ова беше една од темите на презентацијата на проектот за креирање на ефективни можности за младинско вработување која се одржа денес во кафетеријата „Славица“, во организација на Младинскиот Совет на Охрид. Како што истакна Димче Каневче целта е индивидуално да се слушне мислењето на оваа тема на секој учесник, настрана од можностите кои ги дава државата.

„За жал констатацијата дека тие треба по завршувањето на своето образование да ја напуштат државата се почесто кружи со оние млади со кои што ние разговараме меѓутоа она што ние се трудиме да го објасниме е дека не треба секогаш вината да ја бараме од државата и да тргнеме самите од себе а тоа треба да го направиме многу порано при изборот на високото образование бидејќи и треба  да знаат што тие би сакале да работат и што би правеле со себе си во иднина“– нагласи Каневче.

msoПраксата е повеќе од неопходна во образовниот систем па дури и во основните училишта смета професорката од Братство Единство „Весна Сион“. Таа вели дека тоа надвор од земјава функционира и можеби треба да се примени и кај нас. Според неа ако се чека на пазарот на труд тешко дека младите навремено ќе се вработат.

„Не секоја од основните односно од средните школи или факултети како на Запад да речам во склоп на наставата, студирање и практика имаат. Со тоа веќе на некој начин навлегуваат во делот и продолжуваат ако ги бидува остануваат на работа“ – изјави Сион.

Законски секој студент мора да има пракса а како истата се спроведува тоа е друго, вели Весна Спасеска психолог во ОУ „Ванчо Питошески“. Таа нагласи дека во училиштето од каде што доаѓа таа не може да се случи да нема пракса, но постоел проблем со техничарите, кога оделе во Агенција, дел биле примени дел не. Нејзиното размислување е дека државата мора да изнајде мерка со која би се заштитила струката посебно на келнерите и готвачите.

mso„Проблемот е од кога ќе завршат, струката не им е заштитена, секој келнер работи како келнер, а кога ќе почне да се бара келнер со диплома од Угостителско училиште, тогаш ќе имаме и поголем број ученици и ќе можат да најдат работа сега секој кој што ќе посака може да биде келнер, готвачот ако има љубов да кува ќе биде кувар дали е квалификуван или не тука е нашиот проблем“ – нагласува Спасеска

Младите сметаат дека нема работа а меѓу македонската младина има повеќе квантитет отколку квалитет, вели Борислав Кебакоски студент на ФТУ.

„Има работа само нема доволно квалитет, Не се вложуваат, многу се седи на фејзбук и на некои според мене социјални глупости а не се вложува во себе, не се посетуваат некои едукативни програми и обуки или конференции, не се членува во НВО организации и затоа младите, не се однесува ова стрикно, но нивото на интелегенција кај младите е на ниско ниво и затоа младите се скептици да преземат нешто да почнат, велат државата е крива, а никој не го презема ризикот врз самиот себе, зошто јас не почнам да дејствувам па да бидам тој првиот за да биде нешто подобро во самото општество“ – смета Кебакоски.

msoСтудентите сметаат дека не треба во градов да се вложува само во туризмот, туку и во индустрија и другото стопанство. Наспроти ваквото мислење Џана Буш член на Младинскиот совет смета дека имаме индустрија но проблемот е друг .

„Како можи ние да не пристапиме директно во индустријата кога имаме индустриски туризам, еве  странциве доаѓаат овде, ние имаме такво нешто, само што работата е што  ти треба партиска книшка за да влезиш на работа“ – вели Буш.

Локалната дискусија за креирање ефективни можости за младинско вработување се одвиваше во присуство на претставници на младите невработени, студентите, образовните институции, НВО, претставник од Агенцијата за вработување. Конкретните детали во однос на истражувањето како што информира организаторот ќе ги презентирале на завршната конференција, па потоа ќе се преземале и конкретни активности. Додека пак локалните извештаи требало да бидат изготвени до 27 овој месец.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top