Милошевски: Мојата душа и моето срце живеат за поубаво утре, за убав Охрид

Заедно, сплотени да ја градиме иднината за убав Охрид преку проекти и дела, им порача на граѓаните на завршниот прес кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.  Во мојот живот сум покажал дека можам и умеам да создавам и правам добри дела. Сега заедно да го направиме Охрид поубав, рече Милошевски. Ги повика сите разочарани граѓани, неопределени гласачи, чесни граѓани од сите политички партии и етнички заедници, масовно да излезат на гласање и да го поддржат концептот за Убав Охрид.

 |   | 

Охрид припаѓа на народот. Овој град е нашата заедничка иднина. Мојата душа и моето срце живеат за поубаво утре, за убав Охрид. Заедно, сплотени да ја градиме иднината за убав Охрид преку проекти и дела, им порача на граѓаните на завршниот прес кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски. Кажа дека тој и неговиот тим  изминатиов период презентирале убави проекти за Охрид, разговарале со граѓаните, ги ислушавле сите предлози, идеи, маки и проблеми. Побара од граѓаните пред да одлучат за кого ќе гласаат да размислат.

„Дали сакате Охрид гордо да чекори по патот на достоинството и можностите или понижено. Што ќе речат за долгот Светите Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум Охридски, како и Прличев, кој ни го остави тројниот завет да се познаеме себеси, да се почитуваме себе си, и да се чуваме себе си со тоа што ќе ја чуваме татковината?
Водиме позитивна, слободна, фер и достоинствена кампања, не водиме црна кампања и нема да кажам ниеден лош збор.Во оваа пресудна трка за Охрид одберете напредок и резултати, а јас во мојот живот сум покажал дека можам и умеам да создавам и правам добри дела. “ –  кажа  Милошевски.

Овој пат заеднички да направиме добри дела за поубав Охрид. Охрид мора да е убав и мора да функционира, рече Милошевски.

„Одлуката е ваша. Предизвикот е сериозен. Јас верувам во Вас и сакам вие да си верувате себе си и во мене. Ве повикувам сите разочарани граѓани, неопределени гласачи, чесни граѓани од сите политички партии и етнички заедници, масовно да излезете на гласање, недела на 5 мај за победа на правото и правдата, за победа за убав град. Гласот за бројот 2, за професорката Гордана Силјановска-Давкова и гласот за бројот 5, за новиот градоначалник нека бидат патот за нашата иднина.“ – порача  Милошевски.

Милошевски ги повика сите сограѓани од секој дел на градот, Македонци, Турци, Срби, Бошњаци, Албанци, Роми, Египќани, Власи и други во недела да го поддржат концептот За убав град.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top