Ќе се потпише меморандум според кој ќе се испушта езерото преку Црн Дрим

Осцилациите на нивото на охридското езеро се поизразени. Тие се природна појава, но загрижува фактот што од година во година стануваат се подраматични. „Причина за тоа се климатските промени, но не смееме да го минимизираме ни човекот како фактор“, вели претстевникот на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Дејан Пановски.

 |  Татјана Маленкова  | 
Crn Drim
Crn Drim

Осцилациите на нивото на охридското езеро се поизразени. Тие се природна појава, но загрижува фактот што од година во година стануваат се подраматични. „Причина за тоа се климатските промени, но не смееме да го минимизираме ни човекот како фактор“, вели претстевникот на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Дејан Пановски.

„ Она што е важно е тоа дека нивото на Охридксото езеро е зависно од управувањето со басенот со реката Црн Дрим. Поради тоа влеговме во нова фаза, нов процес викан Дримски Дијалог и нова процедура на работа со управувањето на реката Црн Дрим, заради што можеме управувањето да го прилагодиме на потребите на езерата, како што се базените на Преспанско, Охридско и Скадарското. Треба повеќе работа затоа што прилично ослетлив е моментот што се работо за воден басен кој има голем енергерски капацитет“, вели Пановски.

Паноски посочува дека сега треба да се започне со ревизија на активности стари шеесетина години, поточно реализирани во 50 тите години и тоа  помеѓу некогашна Југославија и Албанија. Истите тие по кои сеуште  работиме сега треба да се прилагодат на Р Македонија и на потребите на еколошкиот, енергетскиот и економскиот потенцијал.

Dejan Panoski„ Ние за таа потреба имајќи ги сите овие работи во предвид го изработивме студијата за Дрим и го изработивме и меморандумот кој како политичка основа треба да го потпишат сите пет земји членки на овој басен,а тоа треба да се случи на 25 ноември во Тирана, а врз база на тој политички договор преточен во меморандум можеме да почнеме да ги креираме сите активности кои ни останаа назад несработени“, додава Пановски.

Пановски признава дека ретко каде во светов вакво природно езеро се користи како акумулација. Тој смета дека охридското Езеро го користиме како акумулација од оној момент, од кога се поставени браните на истекот на реката Црн Дрим.

Според него не е проблемот во таквиот начин на користење на езерото, туку во начинот на управување со него. „Треба да се знае кои се максималните дозволени количини на истек како и кои се максимални и минимални количини на нивото затоа што многу често се соочуваме една година да имаме ниско ниво, поради коиматските промени, потоа високо како минатата зима. Проблемот не е само со ниско, туку и со високото ниво на езерото. Поради тоа сето тоа треба да претрпи серизна ревизија како докумнт и да предизвика важни политички одлуки“, смета претстевникот на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Пановски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top