Медиумите и верските заедници бараат потесна меѓусебна соработка

Религиските теми и начинот на нивно медиумско презентирање често нудат многу контроверзии. Причината за ваквата состојба лесно може да се пронајде во недостигот на комуникација помеѓу религиозните групи и медиумите. Токму во насока на подобрување на соработката на овие два субјекти е и дводневната работилница од проектот „Толеранција, дијалог, соработка“ која се одржа во Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
rabotilnica
работилница

Религиските теми и начинот на нивно медиумско презентирање често нудат многу контроверзии. Причината за ваквата состојба лесно може да се пронајде во недостигот на комуникација помеѓу религиозните групи и медиумите. Токму во насока на подобрување на соработката на овие два субјекти е и дводневната работилница од проектот „Толеранција, дијалог, соработка“ која се одржа во Охрид.

Религијата е чувствителна тема и за оние кои ја практикуваат и за оние кои известуваат за неа. За да се избегнат грешките кои многу лесно можат да се направат, нивото на соработка помеѓу религиозните групи и медиумите мора да биде на едно сериозно и високо ниво. Ова е една од констатациите на денешната работилница од проектот „Толеранција, дијалог, соработка“. Но и покрај ваквата констатација, се наоѓаат и примери на одлична и продуктивна соработка помеѓу религиозните групи и медиумите. Еден таков пример е и Дебарската парохија, која често комуницира со медиумските работници.

„За сите наши активности кои ги спроведувавме, ние ги повикувавме новинарите, тие кои сакаа, кои можеа, дојдоа да присуствуваат, ги повикувавме исто така на богослужбите и другите наши активности, духовни и други обврски. За сето тоа ги информиравме новинарите, медиумите, контактираме со нив и така се разви духовниот живот кој што беше скоро мртов, замрен во Дебар.“-вели Отец Благоја-Дебарска парохија

rabotilnicaОтец Благоја ни го посочи примерот со црквата Света Петка во Дебар, која од своето возобновување, кое се случило пред околу 400 години, не била фрескописана. Откако медиумските куќи дознале за иницијативата за фрескописување на оваа црква, отец Благоја вели успеале да соберат 90 % од средствата наменети за фреските на оваа црква. Денешната работилница е трета по ред, а вакви работилници се одржале и во Струмица и Тетово.

„Имавме претставници и од сите верски заедници кои што работат во овој регион како и претставници од медиумите локално, и од градот, и од останатите градови во регионот така што имавме добра посетеност. Добивме добар фидбек од страна на претставниците на религиските заедници, од кои поголемиот дел  за прв пат се среќаваат со ваков тип на едукација и на обука. Немаат доволно познавање за односи со јавноста и ова е единствен и прв начин како професионално да можат да ги извршуваат овие делови од својата работа.“-рече Илина Мангова-Проект менаџер

Мангова додаде дека со овој проект сакаат да придонесат кон зближување на медиумите и 5те верски заедници во Македонија, со цел да се зајакне и прошири свеста за меѓурелигиската соработка и дијалог во земјата. Проектот „Толеранција, дијалог, соработка“ е изработен од фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија, Социетас цивилис.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top