Македоснките угостители бараат помал ДДВ

Намалување на ДДВ за храна во рестораните, субвенции, наменско трошење на туристичката такса, ова се дел од барањата на Здружението за угостителство и туризам, пренесува 24 Вести.

 |  Голабовски Крсте  | 
ugostiteli
угостители

Намалување на ДДВ за храна во рестораните, субвенции, наменско трошење на туристичката такса, ова се дел од барањата на Здружението за угостителство и туризам, пренесува 24 Вести.

ohridОд Здружението укажуваат дека поради високите трошоци, угостителите работат со намален профит.

Од Здружението велат дека и покрај порастот на цените на енергенсите, угостителите нема да ги зголемат цените на услугите, иако работат со намален профит.
Во меѓувреме, угостителите со Македонската музичка индустрија ја договорија месечната тарифа што треба да ја плаќаат хотелите и рестораните за пуштање музика од домашни и странски изведувачи.

Хотелите ќе плаќаат 2 денари од ноќевање, а тарифата за рестораните зависи од површината на локалот.

Инаку туризмот е гранка која носи девизен прилив од 136 милиони долари и во БДП учествува со 1,4 отсто.
Според стратегијата за развој на туризмот до 2020 година, приходите од туризмот треба да изнесуваат 5 отсто од БДП.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top