Македонските репрезентативци тргнаа во европски поход

Македонската фудбалска репрезентација отпатува за Букурешт на Европското првенство.

 |   | 

Македонската фудбалска репрезентација утрово со чартер лет отпатува за Букурешт-Романија, на неколку дена пред почетокот на Европското првенство.

Фудбалерите избрани од селекторот Ангеловски последните пет дена од подготовките ќе ги поминат во Букурешт каде што ќе ги одиграат и првите два натпревари од континенталниот шампионат.

„Црвено жолтите“ на европското првенството се наоѓаат во Ц-групата. На 13 јуни е првиот меч против Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групата ќе го играат во Амстердам, против репрезентацијата на Холандија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top