• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Отворен заеднички Центар за полициска соработка меѓу македонската и албанската полиција

Отворен заеднички Центар за полициска соработка меѓу македонската и албанската полиција

Министерствата за внатрешни работи на Македонија и Албанија ја продлабочија соработката.

 |  Маленкова Татјана  | 
granicen premin kafasan
граничен премин Ќафасан

 

Отворен заеднички Центар за полициска соработка меѓу македонската и албанската полиција. Отворањето на овој Центар е уште еден чекор во натамошното продлабочување и интензивирање на соработката на девете полициски служби. Центарот во употреба го пуштија министерката за внатрешни работи на Р Македонија, Гордана Јанкуловска и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Фламур Нока.  
Заедничкиот центар и ваквиот систем на работа ќе овозможи поквалитетна координација на граничните служби, бидејќи на едно место ќе можат да ги разменуваат информациите релевантни за нивното работење а се во интерес на непречено функционирање на службите“, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Со денешното отворање на контактниот центар испраќаме една порака за подобрување на соработката, подобрување на протокот на патници и возила и интензивирање на комуникацијата помеѓу двете држави. Ваквиот систем на работа е систем кој во голема мера го олеснува функционирањето на полициските служби, но би сакала да додадам дека со Р Албанија имаме и еден уште повисок степен на соработка кој практично се манифестира на граничниот премин Џепиште – Требиште“,истакна министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
granicen premin kafasan
Македонија и Албанија заеднички ќе се борат и со криминалот и корупцијата во сопствените редови. За таа намена денеска потпишаа и меморандум за соработка во областа на внатрешната контрола.

„Ова претставува чекор напред во соработката меѓу двете земји. Веќе имаме заеднички патроли и заеднички ќе дејствуваме  во спречување на меѓуграничен криминал“, истакна министерот за внатрешни работи на Албанија, Фламур Нока.

Поздравувајќи го денешното отворање на заедничкиот ценатр за соработка, Шефот на одделот за безбедносна соработка на мисијата на ОБСЕ во Албанија, Гај Винет рече:

„Зборуваме за соработка, на погранично ниво, сораборка која е круцијална и многу чувствителна. Бидејќи пограничните прашања во основа се чувствителни, границата го претставува суверенитетот на една земја , додека во истовреме ја помога меѓуграничната сорабока, рзмената на лица и стоки, со цел да се осигура напредок на економски поле. Со други зборови прашањто за границата е прашање од големо значење, зошто од една страна ја имаме безбедноста а од друга страна напредокот. И мора да ги комбинираме овие два моменти и поради тоа во заблагодарувам и честитам уште еднаш на оваа значајна соработка“, истакна Ги Винет – шеф на одд. За безбеднос при мисија на ОПСЕ, Албанија.

Јанкуловска и Нока денеска го посетија и локалниот граничен премин Џепиште – Требеишта каде што, како што истакна министерката Јанкулоска, граничните служби функционираат на една заедничка контакт –точка за пореверка на документацијата на патниците.
Инаку, од отворањето на локалниот ГП Џепиште – Требеишта на 2 мај годинава досега него го минале 726 патници, од кои 117 македонски, а 609 странски државјани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top