Македонија несмее да им излези во пресрет на Албанските власти

Испустот на реката Црн Дрим кај Струга во никој случај целосно нетреба да биде затворен, велат експертите.

 |  Татјана Маленкова  | 

Од Билатералниот комитет за заштита на Охридското езеро, повикуваат двете страни најитно да го ревидираат договорот од 1956 година.
Македонија не смее да дозволи целосно да биде затворен испустот на реката Црн Дрим кај Струга, како што тоа деновиве го бараат властите во Албанија, велат експертите. „ Со природните законитости човекот несмее да си игра и треба да биде внимателен. Состојбата со Охридскотот езро во моментов не е загрижувачка, но тоа не значи дека во иднина ако продолжат периоди на врнежи од дожд и снег дека состојбата нема да се искомплицира“, вели професорот  од Хидробиолошкиот Завод во Охрид, Здравко Крстановски.

Поради овие причини во 1978 год. градежниот факултет и хидроцентралата Глобочица изработија студија за регулирање на реката Црни дрим, и за Истекот на Охридското езеро . Во таа студија стои дека максимална осцилација на езерото е 693,10 см и минимална 693,10. Кај овие параметри има разлика во корелација со природниот параметар. Имено од 6 см.кај максималниот и 2 см. кај минималниот параметар.
Од Билатералниот секретаријат  пак  за заштита на Охридското езеро, повикуваат двете страни Македонија и Албанија најитно да го ревидираат договорот од 1956 година. „Синзибилизацијата околу нивото на Охридскотот езеро беше голема кога водата во езерото имаше нејниско ниво, истото треба да се случи и сега кога се работи за зголемување на водостојот во езерото, вели Дејан Паноски. Она што во моментов го оптоварува басенот сега засега се движи во рамките на она што е зацртано и утврдено како кота и не би требало да претставува опасност, додава Паноски. Тој додава дека со оглед на новонастанатите економски, социјални и еколошки услови на басенот, билатеријалниот секретаријат под итно треба да се состани.  
Што се однесува на обвинувањата дека Македонија не го почитува договорот со Албанија, Пановски вели дека не станува збор за непочитување, туку за поинаков карактер на проблемот. „Стапувањето на нови услови, значи дека сега треба да се усогласат сите елементи на таков документ. Најпрво да ги соглдаме најновите мислења кои ќе ги истакнат експертите, па дури после тоа политичарите ќе можат да донесуваат одлуки смета Пановски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top