• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Македонија доби „Златна награда за дестинација за патување” од страна на холандските туристи

Македонија доби „Златна награда за дестинација за патување” од страна на холандските туристи

Првата награда за дестинација за патување и припадна на РС Македонија. “Златна награда за дестинација за патување” (Golden Travel Destination Award) е резултат на гласање спроведено од страна холандските туристи коишто имаа задача да ја оценат нивната посета во странска земја којашто ја посетиле и воедно да потенцираат што е тоа што најмногу им се допаднало. Највисоко е оценета локацијата на државава со 8.2 поени, рестораните со 8.1 и културата со 8 поени од можни 10 поени. Гостомпримството е оценето со 7.9, додека локалитетите со 7.8. Од градовите највисоко котира Охрид (8.1), а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга (7.6, 7.5 и 7.2).

 |   | 

Истражувањето е спроведено од холандската платформа Reisgraag.nl која го испитува задоволство од услугата на холандските тур-оператори, земји и туристички места низ целиот свет. Воедно, оваа платформа е и туристичка агенција која традиционално го организира настанот “Reisgraag Awards” по повод доделување на награди на места, дестинации и земји кои добиле највисоки оцени од холандските гости. Церемонијата е одложена поради пандемијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top