Македонија дел од меѓународното семејство кое се бори за заштита на природата

Македонија дел од меѓународното семејство кое се бори за заштита на природата.

 |  Валентина Неловска  | 
bio
bio

 

Стопирање на понатамошната деградација на природата и зачувување на здрава планета е стратешка цел на 193 земји,  меѓу кои е и Македонија.
Биолошката разновидност на различни  начини  придонесува за благосостојба на луѓето. Конвенцијата за биолошка разновидност е меѓународен договор  со кои земјите се обврзуваат дека биолошката разновидност е од заеднички интерес за човештвото. За да се спречи загубата на биолошката разновидност потребно е да се преземат акции за да се спречат причините за уништување. Македонија како дел од меѓунaродното семејство за тоа  добива финансиска поддршка од Глобалниот еконоkonferencijaмски фонд (ГЕФ) од Обединетите нации за природна средина, (УНЕП).
 Во тек е  ревидирање на македонската национална стратегија,  изработка на акционен план  и извештај за Конвенцијата за биолошка разновидност. За учество и  спроведување на повеќе национални и регионални проекти, државата од ГЕФ од 1996 година до денес,  има добиено 100 милиони долари, истакна заменикот министер Стевo Темелковски на денешниот состанок со претставници  од Обединетите нации за борба против опустинување.

„ ГЕФ помага и сеуште и помага на нашата држава во подготовката на стратешките и акционите планови за спорведување на обврските од глобалната конвенција кон кои РМ има пристапено. Станува збор за области на биолошката разновидност, намалување на климатските промени, заштита на меѓународни  води хемиски со неразградливи органски загадувачи и борба против опустинувањето или деградацијата на земјиштето“, кажа Темелковски.
bio  
Целта на денeшниот новоодобрен проектен концепт е да се поддржи системот на национални заштитени  подрачја, ефектите од упрваување и овозможување на прашања за биолошка разновидност во различни производни предели, напомена  Темелковски.
„Проектот ќе биде финсиран од фонд на национални локации на РМ за биолошки разновидност и деградација на земјата во висина од 3 милиони долари.Целта на организацијата на националните состаноци се засегнатите страни да ги презентираат тековните и идните проекти во Македонија кои ги спроведува програмите на ОН за животна средина (УНЕП), со канцеларија во Виена во соработка со Министерството за животна средина,А финансиски поддржани од ГЕФ“, рече заменик министерот.

Македонија ќе продолжи со националните активности да влијае во глобалните рамки за заштита на биолошката разновидност и намалување  на деградација на земјиштето, порача од Охрид, заменикот министер за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top