Македонија дел од европската елита во мешани боречки вештини

Македонскиот тим се најде помеѓу останатите 15 земји учесници, додека во исто време во лигата не успеале да влезат многу поголеми спортски нации како Русија, Ирска, и некои од нашите соседни земји.

 |  Мишел Наумоски  | 
mma
мма

Македонскиот ММА тим избори место во елитната професионална Европска ММА лига. Ова големо европско натпреварување за прв пат се формира годинава, а дел од него ќе бидат и нашите борци.

zdrepka MakedonijaСпоред координаторот на Македонскиот ММА тим, Марјанчо Лазарески, оваа европска лига ќе значи и огромна можност за анонимни борци да дојдат до израз и да добијат соодветно признание.

„Ние успеавме да влеземе во првите 16 земји. Учествуваат само 16 земји, а не влегоа земји како Русија, Грција, Бугарија. Ние успеавме да влеземе под нашето уставно име, Република Македонија. Тоа е најголемиот успех. Најголема заслуга за овој влез во Европската ММА лига има Саша Попоски кој е тим лидер и исто така соработниците, тим селекторот Зоран Спасов и координаторот Раде Стефаноски од Велес.“-рече координаторот, Марјанчо Лазарески.

Денес борците од Македонскиот ММА тим одржаа и заеднички тренинг во малата сала во Билјанини извори.

Macedonian MMA Team„Тренинзите во Охрид, се случуваат тука во мала сала Билјанини извори под водство на Саша Попоски, а Македонскиот ММА тим и оваа екипа која ја набројав патуваме низ цела Македонија секој викедн и одржуваме заеднички тренинзи и разменуваме искуства. Го даваме најдоброто од нас за да ги извадиме најдобрите борци.“-вели Лазарески.

Првиот турнир во рамките на новоформираната Европска професионална ММА лига започнува на 8 Февруари, а честа да го отвори овој турнир ќе има токму еден од нашите борци, Ѓоре Стојанов.

ММА спортот всушност значи мешавина од боречки вештини, спорт во кој се применуваат заеднички правила од тек вон до, карате, кик бокс, бразилско џиу џицу, борење, бокс. Освен можноста да се учествува на едно големо натпреварување, Лазарески вели дека има и убави парични награди за најдобрите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top