Во Македонија се уште e баук органската храна

Во општина Охрид има само неколку производители и тоа во селото Орман. Aпелираат до останатите да започнат со ваквиот начин на земјоделско производство.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

Во општина Охрид има само неколку производители и тоа во селото Орман. Aпелираат до останатите да започнат со ваквиот начин на земјоделско производство.

Ванчо Стојаноски од село Орман, е еден од ретките земјоделци кои произведуваат органска храна. Заедно со уште неколку соселани поседуваат пластеници во кои вршат производство на раноградинарски и касноградинарски производи. Ваквиот начин на производство не е поскап, бара само поголем ангажман, објаснува Стојаноски.

 „ Не ги прскам производите, ѓубрам со хумус од калифорниски глисти- биохумус, најдобро ѓубриво кое постои“.    

organska hranaСтојаноски апелира и до останатите земјоделци да започнат со производство на органска храна. Таа е многу поздрава, со подобар вкус, а витамините се зголемуваат и до 70%.

Стојаноски вели дека произведуваат само за охридскиот пазар. Цените на неговите производи се исти како и на останатите градинарски производи на пазарот. Луѓето се уште добро не се запознаени со значењето на органската храна, па затоа и ретко кој би се одлучил да ги купи по повисока цена, објаснува Стојаноски.

Истовремено, производството на органска храна е вистински тренд во светот. Ваквите производи таму се продаваат по речиси двојно повисока цена за разлика од од останатите.За жал, во Македонија тоа се уште е баук. И покрај советите на стручните лица дека во земјава постојат идеални услови за производство на органска храна. Почвата не е загадена и не постои развиено индустриско производство.  

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top