Mладиот кик боксер Бени Османоски се закити со две нови светски титули

Во рингот агресивен, а приватно повлечен и мирен. Таков е младиот кик боксер Бени Османоски, кој годнава се закити со две нови светски титули кои треба да ги брани. Тој верува во себе, и еден ден се надева на борба со американскиот шампион Маркус.

 |  Билјана Николовска  | 

 

Спортот ме научи на дисциплина и почит кон луѓето. Почнав како на шега да се занимавам со кик бок но денес од тоа живеам, вели младиот октишанец Бени Османоски, кој за нецела година се стекна со две нови светски титули. Неговата 11 годишна кариера во овој спорт бележи 58 борби во кои има претрпено само 7 загуби, 51 победа од кои 35 со нокаут, во категорија до 83 килограми.

„Беа тешки борбите, јас се борев и ја одбранав  титулата на која бев носител во светскиот шампион и се борев, против турчинот Омер Кочак кој е светски шампион, стѕанува збор за силен борец, имавме силна и тешка борба и двајцата бевме добри но јас бев за нијанса подобар па така остана титулата кај мене“ – вели Османоски.

Предизвик на младиот Османоски, како што и самиот за ТВМ кажа е чуството дека може се повеќе  да се искачува по скалилата на успехот во кик боксот, претставувајќи се како горд македонец, но жали што нашата земја сеуште не покажувала интерес да ги стимулира најдобрите.

„Да бидам горд на себе, но и луѓето кои ме познаваат, едноставно…засега немам поставено линија до каде сакам да отидам, велам дека додека може телото да се бори ќе се борам. Од македонски аспект немам ништо. Но јас живеам во Швајцарија, почнав да тренирам во Македонија па понатаму во Словенија, во Хрватска сум се борел и насекаде во Балканот, па потоа почнав да живеам во Швајцарија каде сум 7 години и почнав да се занимавам професионално и до ден денес стигнав многу“-изјави Османоски.

Османоски во иднина сака силите во рингот да ги одмери со американскиот шампион Маркус и верува дека еден ден ќе се случи и тоа. Додава дека засега нема посериозни повреди, а својот талент за борба го искористува само во рингот, а во приватен живот е сосема друга личност. Османоски вели дека единствена мана му е исхраната на која мора во иднина да внимава бидејќи во рингот се бори во категорија до 83 килограми а неговата тежина понекогаш го  надминува тој лимит.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top