ЛК „Десарети“ донира 30 хуманитарни пакети

Седма година по ред Лајонс Клубот „Десарети“ од Охрид додели 30 пакети на охридските семејства кои се под социјален ризик. Од таму повикаа и другите институции во градов да се приклучат во еден вид социјален активизам со цел се помогне на оние на кои што им е најпотребна помош.

 |  Николоска Биљана  | 
desareti
десарети

desaretiЛајонс Клубот „Десарети“ и годинава традиционално со доделување на 30 хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства се вклучи во одбележувањето на 16 октомври денот против гладта. Претседателот на клубот Ристо Речкоски, изрази голема благодарност кон охидската организација на Црвен Крст за тоа што ги вклучила во една ваква хуманитарна акција и при тоа ја нагласи нивната 7 годишната соработка.

„Сакам да ги повикам сите други институции во градот на т.н. социјален активизам во смисла на тоа што овие категории на граѓани се потребни на општеството, така да на некој начин да можеме да ги ангажираме односно нивно вклучување во некој општо корисни работи со цел да се осетат дека му требаат на општеството. Се надевам дека од година во година бројот на вакви корисници ќе е намалена со што сите ќе се гордееме“ – вели Речкоски.

desaretiДенеска и официјално започнува одбележувањето на неделата против гладта, вели претседателот на ОО на Црвениот Крст, Сашо Точко. Додава дека нивните активисти оваа недела ќе вложат максимални напори да соберат финансиски средства и прехрамбени производи со цел да им се помогне 500 семејства од ранливите категории.

„Лајонс Клубот „Десарети“ не треба да се зборува повеќе за нив и ги поддржувам и се придружувам кон нивниот апел, до останатите клубови, останатите хуманитарни организации, да направат нешто да помогнеме барем во текот на оваа недела. Секако дека проблемите нема да ги решиме но ќе помогнеме ќе дадеме поттик да тие луѓе кој што навистина се на работ на егзистенција, помислат и знаат дека некој мисли и се грижи за нив“ – нагласи Точко.

Точко ги повика луѓето од социјално ранливите категории да не ја губат волјата за работа, да придонесуваат со цел да се можат да се грижат за себе. Тие треба да се обратат во Црвениот Крст бидејќи имало неколку програми кои што нуделе некој вид ангажман, а се со цел да им се помогне да ги покријат дневните трошоци за живот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top