Нова линија многу прашања


Во петок  ќе се реализира првата комерцијална туристичка тура во Албанија преку езеро. Билетот чини 600ден., царинска контрола ќе се врши на пристаништето во Св. Наум, а новата водена линија Охрид- Поградец ќе функционира со онаа динамика која ќе ја наметнат заинтересираните патници.

 |  Јаковлева Лионела  | 
brod
брод

Новата водена линија Охрид- Поградец  која неодамна беше промовирана кај охриѓани наиде на голем интерес, но им наметна многу прашања. Се интересираат колку често ќе се спроведува, колку ќе чини билетот, каде ќе се врши царинската контрола и со кој брод ќе се патува. Овие дилеми ги разреши капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски. Тој вели дека најпрво треба да се разјасни дека оваа линија е чартер, а не редовна бродска линија.

Ние создадовме услови за спроведување на оваа линија. Овозможивме извршување на сите гранични и царински формалности, а пазарот е тој што ќе диктира колку често ќе се оди од Охрид за Поградец, објаснува капетанот.

Сите бродови кои имаат сертификат и одобрение за вршење меѓународен превоз можат да сообраќаат на оваа релација.ezero Цената на превозот ја одредуваат тие, а колку што сум информиран таа ќе изнесува околу 10 евра, вели капетанот Устијаноски. Заинтересираните патници треба да се пријават на бродот барем 24 часа пред поаѓањето. Информации за се што ги интересира околу пловидбата ќе добијат од бродарите на самото пристаниште, вели Устијаноски. Царинската контрола ќе се врши на копно и тоа на пристаништето во Св. Наум.

Ова пристаниште ги исполнува сите услови за тоа бидејќи граничниот премин Св. Наум е многу блиску до пристаништето па цариниците и полицајците многу лесно ќе можат да дојдат и да извршат контрола на патниците на бродот кој плови за Поградец, вели Устијаноски. 

Од албанска страна царинската контрола ќе се врши на пристаништето Моли во Поградец каде се создадени сите услови за тоа, потврдува капетанот Устијаноски.

Инаку, во петок бродот „Александрија“ ќе ја реализира првата комерцијална туристичка тура во Албанија, а ќе тргне од Охрид во 10 часот од градското пристаниште, а враќањето од Поградец е во 16 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top