Летните жеги победете ги во друштво на книгите

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и оваа среда со нова препорака од изданија кои уште од денес можат да се зајмат за читање.

 |   | 

Понудата ја сочинуваат осум нови наслови сите во издание на Топер. На топ листата ако така може да се рече се дури три книги од авторката Ајше Кулин. „Надеж 1 и 2“ и романот „Живот“.

Не помалку интересни приказни кријат во себе и двата романи од Хана Филдинг: „Љубов под маски“ и „Солзите на Афродита“. Во новата понуда се вклучени и романите: „Ајла“ и „Среќни засекогаш“ од Стефани Перкинс и „Бисерот што ја скрши школката“ од Надија Хашами.

Овој преглед на нови наслови го заокружуваме со романот „Потемно“ од Е.Л.Џејмс.

И ова лето до 1 септември НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со читатели работи во една смена од 8 и 30 до 16 часот.

Годишната членарина за возрасни е 300, а за деца и млади 200 денари.

Во библиотеката можат да се зачленат и граѓани со подолг престој во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top