Квалитет има, ама недостасува кадар

Докторите од општата болница квалитетни и успешни. Тоа го потврди и Министерството за здравство. Но болницата се судрува со еден голем проблем, а тоа е недостигот на кадри. Првиот човек на оваа здравствена установа вели дека се прават напори тој да се надмине.

 |  Јаковлева Лионела  | 
bolnica
болница

Д-р Горан Балевски, специјалист уролог во Општата болница во Охрид е трет на листата на најдобро рангирани доктори за месец  март.  Оваа листа ја составува Министерството за здравство според системот за плаќање по успешност. Наградени се оние доктори кои се движечка сила во своите институции. Тие добиваат посебно признание и паричен надоместок од  30 000 ден. Д-р Балевски не го крие задоволството од ваквото признание. Тој вели дека за да се дојде до едно вакво признание потребен е голем труд и ангажман, но објаснува дека самиот без неговиот тим не би го постигнал ваквиот успех.bolnica

Д-р Балевски вели дека на уролошкото одделение во Охрид работат уште тројца негови колеги, лекари специјалисти и уште 15 луѓе останат персонал. Тој објаснува дека ова одделение е доста фреквентно. Како пример за тоа ја посочува бројката од околу 60 операции за само еден месец. Д-р Балевски е задоволен од условите во новиот оддел на урологија и од неговата екипираност, но го посочува генералниот проблем на болницата- недостатокот на кадар.

Со оваа негова констатација се согласува и првиот човек на болницата, Д-р Љубен Арнаудов. Тој вели дека уште во 2007-2008год. направиле анализи после кои се дошло до заклучок дека уште тогаш просечната старосна граница на лекарите била 53 год. Неминовно, е вели Арнаудов кадарот да се подмлади. Болницата има потреба од најмалку 15 лекари специјалисти. Досега успеале да вработата само осум, па потребно е да се примат барем уште толку за да можат да се задоволат потребите на болницата. Директорот вели дека Министерството за здравство е известено за состојбата во охридската болница.

Д-р Арнаудов вели дека за моментално да се надмине вакумот потребни се барем двајца специјалисти. Тие сега се снаоѓаат со позајмување на кадар од останатите болници во градов и околните градови. Најалармантна е состојбата со анестезиолозите каде моментално се четворица, но од наесен едниот заминува во пензија, а за две години и другиот доктор анестезиолог ќе се пензионира. Потреба од кадар има и на гинеколошкото одделение и на радиологија. Недостиг има и од мед. сестри и од останатиот ниж ,медицински персонал. Треба да се примат најмалку 30 мед сестри, вели Арнаудов. Тој додава дека моментално овој проблем се решава со волонтеризам. Директорот вели дека на проблемот со кадар систематски се работи, но треба време за да се реши. Арнаудов смирува дека и во овие услови во болницата нема застој во работењето и дека сите пациенти се навремено згрижени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top