Кривични пријави и приведувања за непочитување на полицискиот час

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 21-годишен охриѓанец.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 21-годишен охриѓанец. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, лицето на 18.04.2020 година во 17.10 часот било затекнато на булеварот „Туристичка“ и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час издадена од надлежен орган и не ја почитувал одлуката за забрана на движење на населението во период од 16 до 05 часот.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 21-годишно лице од струшко Калишта. Лицето, на 16.04.2020 година во 17.30 часот, било затекнато во близина на селото и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час издадена од надлежен орган и не ја почитувал одлуката за забрана на движење на населението во период од 16 до 05 часот.

Димоски информира и дека во текот на изминатото деноноќие (05/06.05.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, на подрачјето на СВР Охрид, дванаесет лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив две во Охрид и десет во Струга. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 64 контроли врз лица во изолација, 49 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-24, Струга-16, Кичево-8, Дебар-1), како и 68 контроли на угостителски и други објекти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top