Во Охрид драстично намален бројот на кражби на електрична енергија

Во Охрид се помалку се краде електрична енергија. Нашиов град само до пред една година беше на врвот на листата по случаи на неовластенo користењe на електричната енергија, но по се изгледа многубројните мерки, а пред се затворските казни за крадците вродија со плод.

 |  Јаковлева Лионела  | 
dalnovod
далновод

Во Охрид драстично намален бројот на кражби на електрична енергија. Во изминативе десет месеци регистрирани се само седумнаесет случаи. Портпаролот на ЕВН Македонија, атанас Ковачески вели дека ова е одличен напредок во подигнувањето на свеста кај граѓаните на нашиот град бидејќи минатите години Охрид беше на врвот по регистрирани кражби на електрична енергија.

Вродија со плод сите напори на ЕВН како и контролите наполицијата а пред се измените во кривичниот законик во однс на затворската казна која е пропишана за крадците на ел еструјанергија која порано беше до една а сега е до пет години, вели Ковачески.

Во државава само оваа година за 10 месеци се откриени 820 случаи на неовластенo користењe на електричната енергија. Најмногу се директни кражби, манипулации со броилата, а има и случаи на самоволно приклучување.
Најмногу има откриено кражби во Скопје околу 211. На листата на градови со најмногу фатени кражби годинава се наоѓа Струмица 143, потоа Прилеп 83, Тетово 73, а во Кратово, Кочани, Кичево, Битола се откриени десетина случаи. Над 12,5 милиони kWh електрична енергија украле крадците, а штетата во пари изнесува над 1,5 милони евра. За две години екипите на ЕВН Македонија и Полицијата откриле 2010 кражби на електрична енергија во земјава. Од нив 1831 се домаќинства, 170 мали бизнис корисници, 5 јавни претпријатија и 4 компании од категоријата индустрија. За сите е поднесена кривични пријави, дел од нив добија судска развршница, а дел чекаат на правосилни одлуки на судовите. Државата е оштетена по основ на неисплатениот данок на додадена вредност што не може да се наплаќа на крадената нефактурирана енергија. Најголема штета трпат соседите на крадците на електрична енергија. Секаде каде што има кражба, напонот ослабнува и постои голема опасност од пожари, а сериозно загрозени се околината и животите на тие што крадат електрична енегија, но и на нивните соседи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top