Коректен тек имаат досега претседателските и предвремените локални избори

Повеќето кандидатите за градоначалник со позитивен став за тоа како се одвиваат 8 -те изборни дена, со исклучок на кандидатите од ГДУ и Вмро Дпмне изнесоа ситни забелешки. Од ДИК се задоволни од досегашната политичка култура на противниците во изборниот процес и повикуваат да го задржат нивото на полтичка култура за да се изборат за легитимитет пред граѓаните за овие избори.

 |  Валентина Неловска  | 

Оливер Деркоски, претседателот на ДИК со членови на Комисијата оствари средба со петмината кандидатите за градоначалник на Охрид и со општинската изборна администрација. Деркоски даде позитивна отценка за досегашниот тек на претседателските и предвремените локални избори. Упати порака до кандидатите и понатака да го задржат нивото на фер и позитивна кампања.

„Се надевам дека така и ќе остане докрај. Иако очекувам да се зголеми интензитетот на полтичкиот натпревар при крај на кампањата. Но, не очекувам посериозни нарушувања.Имаат добри кандидати 3-те општини , сериозни , со интегритет во средините каде што работат, а граѓаните ќе имаат одлична можност да направат добар избор“, порача Деркоски.

Петмината кандидати кои се кандидираа за Градоначалник на Охрид на предвремените локални избори дадоа свои видувања за досегашната политичка култура на противниците во изборната кампања.
Константин Георгиески од СДСМ, има забелешки за ситни исклучоци за мене и мојот тим. Ние ќе го задржиме нивото на политичка комуникација и почитување на сите учесници во политчкиот процес“.

Коректно и ова е досега најуспешната и најфер кампања за овие избори, изјави Стевчо Стевоски од Демократи .

Михаил Трендафилов Нанче од ГДУ кажа дека кампањата тече релативно добро со мали нарушувања. Се прави непотребна нервоза со одлепување и прелепување на плакатите. Разговаравме и побаравме да бидеме пристојни затоа што иам за сите место и нема потреба да пуштаме лоша порака до идните генерации.

Џемал Мена, кандидатот на БЕСА, е задоволен од текот на кампањата која рече дека тече во фер атмосфера и без притисоци.

За Митре Милошевски од Вмро Дпмне првата недела од кампањата поминала доста коректно со цивилизациски и и интелектуален однос. Но , како партија приметиле одредени влијанија врз вработените симпатизери на нивната политчка партија во Јавните претпријатија и вложиле примедби до соодветните органи.

Од ДИК информираат дека на општинско ниво навреме се завршени сите постапки и во тек е обуката на изборните одбори за 88 изборни места колку што ги има во општина Охрид. Најавија дека за лицата со посебни потреби ќе бидат обезбедени пристапни рампи до избирачките места за да може да гласаат на денот на изборите, а не како досега да гласаат еден ден порано со болните лица и затворениците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top