• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Комисијата за заразни болести предлага полициски час од среда на територијата на цела држава

Комисијата за заразни болести предлага полициски час од среда на територијата на цела држава

Поради порастот на бројката на новозаразени на денешната седница на Кризниот штаб, на предлог на Комисијата за заразни болести министерот за здравство Венко Филипче побарал повторно воведување полициски час во периодот од 22:00 до 05:00 часот.

 |   | 

Министерот за здравство Венко Филипче образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект“, велат од Министерството за здравство.

Полицискиот час би започнал да важи од среда, 10-ти март, а предлогот ќе биде разгледан на утрешната владина седница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top