• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Комисија ќе ја испитува законитоста на досегашните градежни работи на општинската зграда

Комисија ќе ја испитува законитоста на досегашните градежни работи на општинската зграда

 Комисија ќе ја испитува законитоста на досегашните градежни работи на општинската зграда.

 |  Валентина Неловска  | 
zgrada
zgrada

Стопирани градежните работи на доградбата на општинската зграда започнати во времето на поранешата општинска власт. Работите беа сопрени уште пред добивање на манадатото на новата власт, напоменува актуелниот градончалник Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека во меѓувреме формирале Комисија која ќе ја испита законитоста на  досегашните градежни зафати на  објектот.
zgrada
„Ние формиравме Комисија која  ќе ги разгледа сите аспекти околу градбата на зградата. Беа вклучени стручни лице од општината и надворешни стручни служби, а се разговараше и со дел од фирми вклучени во изведување на градежните работи. Од она што досега е сработено од целата документација на градбата  се наметна потребата, а тоа е став и на комсијата, да се  ангажира  вешто лице од градежна струка, судски вештак, кој ќе  направи анализа на се она што е досега изградено и се што е фактурирано.“

По извештајот на вештото лице ќе имаме појасна слика како ќе се одвиваат понатака градежните работи на започнатите и стопирани работи на објектот, кажува грдаоначалникот.Напоменува дека дури по расчистувањето на документацијата ќе зависат понатамошните  работи со доградбата.
zgrada
„ Во таа градба има голем дел на дополнителни  работи  кои не  се предвидени со основниот проект. За кои Комисијата констатирала дека се направило грешка во пресметката  пред објавување на тендерската документација. Но, она што е за нас спорно е што се градело без да се направи анекс кон основниот договор. Согласно на тоа ние ангажиравме вешто лице од градежна струка  кое ќе утврди  што е од сетот тоа изградено, а што не е , уредноста на пополнувањето на градежните книги и дневници. Врз основа на сите тие анализи ние понатака ќе донесеме заклучок дали ќе продолжиме со градба или не.“

Градоначалникот смета дека со  доизградбата на објектот ќе се ослободи простор за општинската администрација за поефикасно нејзино работење. Исто така,  ќе се обезбеди и простор за потребите на разни здруженија, културно уметнички  друштва и спортски клубови од градот кои имаат потреба од  поддршка на Локалната самоуправа.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top