Кои невработени се активни, а кои пасивни баратели на работа?

Започна поделбата на невработените лица на активни и пасивни баратели на работа.

 |  Мишел Наумоски  | 
agencija za vrabotuvanje
агенција за вработување

Невработените лица почнаа да се соочуваат со новата поделба на активни и пасивни. Сите оние кои од декември навака го посетиле Центарот за вработување со цел да се пријават, веќе добија пријави за запишување во регистарот во кои треба да се изјаснат во која група припаѓаат. Невработените на пасивната листа ќе се пријавуваат само за да имаат статус на невработени заради добивање на потврда дека се во евиденцијата на Центарот за вработување.Нема да имаат некои посебни обврски освен обврската на секои 6 месеци да се пријавуваат во подрачниот Центар за вработување.

Нkartonce za prijavuvanjeо доколу невработениот се одлучи да биде на активната листа, тогаш ќе има право да учествува во сите активни мерки на Центарот за вработување, но тоа секако носи и одредени обврски.

„Една од основните обврски е изработување на индивидуален план за вработување како инструмент, алатка која веќе постои во сите јавни служби за вработување во западните земји. Исто така ќе имаат обврска да се јавуваат во секој момент, да се достапни на повикот на Агенцијата односно Центарот за вработување. Исто така ќе треба да бидат активни во барањето на работа, односно на некој начин да потврдуваат односно докажуваат дека активно учествуваат, бараат работа преку огласни односно конкурси.“-вели директорот на Центарот за вработување-Охрид, Јован Баткоски.

Целата постапка за активните баратели изгледа и тоа како сложено. Едно од прашањата во пријавата  гласи: Писменост, а понудени одговори се писмен или неписмен. 

izjava za prihodiПодобро за невработениот е да биде писмен затоа што ќе треба да изработи и индивидуален план за вработување.

„Тоа е еден план што се прави помеѓу советникот или службеникот во Центарот за вработување и лицата, во кој план, се планираат активностите што ќе бидат преземани од страна на самото лице и од страна на Центарот за вработување во наредниот период, кој период е шест месеци, со цел тоа лице да може да го реши своето вработување, односно да се вклучи на пазарот на трудот. Доколу не се постигнат саканите цели, тој индивидуален план за вработување се изменува пред истекот на тие шест месеци.“-рече Баткоски.

Се чини една од главните причини, зошто секои два месеци невработените тропаат на вратата на Центарот за вработување е стравот дека ќе го изгубат правото на сини картони, ако не се пријават. Директорот Баткоски дециден дека невработените лица немаат обврска да се пријавуваат во Центарот за вработување за да можат да го остварат ова право, односно дури и да не се пријават, тие и понатаму ќе си добиваат сини картони.

Правото на сините картони тие го остваруваат со пополнување и поднесување на пријавата за остварени приходи во претходната година, која се поднесува во подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top